Внесување на стока и привремено чување

Странска стока која е внесена во царинското подрачје на Република Северна Македонија се до моментот на определување на царинско дозволено постапување или употреба на стока е под царински надзор и има третман на привремено чувана стока во царинската испостава каде била ставена на увид или на друго место кое е определено, одобрено и контролирано од таа царинска испостава.

Вообичаено оваа стока се става во одобрено место за привремено чување, а држателот треба да поднесе гаранција за обезбедување на царинскиот долг кој може да настане.

Доколку привремено чуваната стока треба да се пренесе на друго место, односно до друга царинска испостава, тогаш се користи транзитната постапка.Со завршување на транзитната постапка, стоката останува во привремено чување, се до одредување на друго царински дозволено постапување или употреба на стока(ставање на стока во царинска постапка, внесување на стока во слободна зона или слободен склад, повторен извоз на стока од царинското подрачје, уништување на стока и отстапување на стока во корист на државата).

Привремено чуваната стока може да биде предмет само на форми на ракување кои обезбедуваат одржување на стоката во непроменета состојба, како и да биде прегледана и да бидат земени мостри, но само со одобрение од надлежниот царински орган.

За привремено чуваната стока, односно кога стоката е опфатена со збирна декларација, се одредува царински дозволеното постапување или употреба на стоката во рок од 20 дена од денот на поднесувањето на збирната декларација за привремено чување.

Подолу се актите кои се однесуваат на привремено чување:

Упатство за привремено чување на стока и збирна декларација

Барање за давање на одобрение за просторија за привремено чување

Барање за давање на одобрение за просторија за привремено чување-ЗУЈ

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.