Калкулатор за ДМВ

На 18 декември 2019 година е донесен Законот за данок на моторни возила и објавен во Службен весник број 261/2019. Законот започна да се применува од 01 јануари 2020 година.

Данокот на моторни возила ја заменува досегашната акциза на патнички моторни возила и носи променет начин на пресметка на данокот во однос на досегашната акциза која се плаќаше во зависност од вредноста на возилата.

Имено, со новиот Закон за данок на моторни возила се воведуваат две компоненти при пресметката на данокот на моторни возила, Ad Valorem компонента што подразбира даночење на процент од вредноста на возилото и Specific компонента при што пресметката се врши со користење на податокот за висината на емисијата на јаглерод диоксид кај возилата CO2. На овој начин, еколошките возила со пониска стапка на емисија на CO2 стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние кои имаат повисок износ на емисија на CO2. Податокот за просечната емисија на јаглерод диоксид - CO2 и се утврдува врз основа на потврда за сообразност за ЕУ одобрување на возило (Certificate of conformity - COC). Повеќе детали може да се прочитаат на следниот линк: Патнички возила

Во продолжение е даден калкулатор со кој може да проверите колку би изнесувал данокот на моторно возило кое имате намера да го увезете. Калкулаторот е индикативен и можете да го користите само како консултациски податок. Точните износи се утврдуваат во постапка на увозно царинење на возилото, бидејќи зависат од повеќе фактори при увоз, како потекло на возилото, тарифен број и распоредување на возилото, вид на возило и сл.

Калкулатор за ДМВ

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.