ОЕО

Почетоци

Светската царинска организација (СЦО) во 2007 година во вториот столб Царина-Бизнис од Рамката на стандарди за обезбедување и олеснување на глобалната трговија (WCO Safe Framework of Standards) го усвојува стандардот и концептот овластен економски оператор (ОЕО) како еден од главните сегменти на партнерството меѓу царинските органи и бизнис заедницата, а со цел обезбедување на меѓународниот синџир на снабдување.

СЦО го дефинира ОЕО како оператор кој е вклучен во меѓународното движење на стоката во која било улога која ја врши, одобрен од страна на царинскиот орган дека ги исполнува стандардите на безбедност и сигурност на синџирот на снабдување од СЦО или други еквивалентни стандарди.

Европската унија ја воведува програмата ОЕО врз основа на меѓународно признаените стандарди со измените во Царинскиот закон во 2008 година со цел обезбедување на меѓународниот синџир на снабдување и олеснување на трговијата.

Царинската управа ја воведува ОЕО програмата со измените во Царинскиот закон во 2008 година (Службен весник на Република Македонија бр. 4/2008) и измените на Уредбата за спроведување на царинскиот закон (Службен весник на Република Македонија бр. 42/2009).

Првото одобрение за овластен економски оператор Царинската управа го издава во 2013 година.

 Што е овластен економски оператор (ОЕО)?

Овластен економски оператор како концепт претставува потврда на соработка и партнерство меѓу царинскиот орган и трговските друштва вклучени во меѓународниот синџир на снабдување.

Одобрението овластен економски оператор кој го издава Царинската управа претставува потврда дека лицето имател на ОЕО е сигурен и безбеден партнер на царинскиот орган и има контрола над процесите на своето работење.

Кој може да биде овластен економски оператор (ОЕО)?

Овластен економски оператор може да биде кое било лице основано во царинското подрачје,  без оглед на неговата големина и кое спроведува активности кои се опфатени со царинските прописи.

Економскиот оператор може да спроведува повеќе улоги во меѓународниот синџир на снабдување опфатени со царинските прописи како: производител на стока (MF), увозник (IM), извозник (EX), царински застапник (СВ), превозник (СА), шпедитер (FW), консолидатор (СЅ), држател на складиште (WH) и останати.

 Правна основа и документи

Царински закон - членови 6-а, 6-б и 6-в

Уредба за спроведување на царинскиот закон – членови 10-а - 10-у

Прирачник за овластен економски оператор

Прирачник за овластен економски оператор

Прашалник за самооценување

Изјава за безбедност

Стратегија за унапредување на статусот на овластен економски оператор 2021-2023

Стратегија за унапредување на статусот на овластен економски оператор 2021-2023

Видови одобренија ОЕО

Постојат два вида одобренија за ОЕО

  1. Овластен економски оператор за царински поедноставувања – ОЕОЦ
  2. Овластен економски оператор за безбедност и сигурност – ОЕОС

Еден економскиот оператор може да е имател и на двата вида одобренија.

 Барање

Барањето за ОЕО се поднесува до Царинската управа, Сектор за царински систем.

Барање за одобрение ОЕО

 Критериуми 

Критериуми

ОЕОЦ

ОЕОС

Почитување на барањата на царинските органи

Х

Х

Ефикасен систем на деловна евиденција

Х

Х

Финансиска солвентност

Х

Х

Практични стандарди за компетенции или професионални квалификации

Х

Безбедносни и сигурносни стандарди

Х

Поволности за ОЕО 

Поволности

ОЕОЦ

ОЕОС

Поедноставен пристап кон царинските поедноставувања

Х

Помалку физички и документарни контроли

-         Поврзани со безбедност и сигурност

-         Поврзани со други царински прописи

Х

Х

Претходно известување во случај доколку ОЕО е селектиран за контрола поврзана со безбедност и сигурност

Х

Претходно известување во случај доколку ОЕО е селектиран за контрола поврзана со други царински прописи

Х

Предност во случај кога ОЕО е селектиран за контрола

Х

Х

Можност за избор на местото каде ќе се врши царинската контрола

Х

Х

Индиректни поволности:

-         ОЕО е признат како безбеден и сигурен деловен партнер

-         Подобри односи со царинските органи и другите државни органи

-         Намалување на кражби и губитоци

-         Помалку задоцнети пратки

-         Подобро планирање

-         Подобра услуга за клиентите

-         Поголема лојалност на клиентите

-         Помалку инциденти поврзани со безбедност и сигурност

-         Поголема сигурност и комуникација меѓу партнерите во трговскиот синџир на снабдување ...

Х

Х

Взаемно признавање со други земји

Х

Повластен третман и приоритет при одлучување по барања поднесени од имателот на ОЕО

Х

Х

Бесплатна обука за новини во царинското законодавство на секои две години за одговорното лице за царински прашања и петмина вработени (во зависност од потребите на ОЕО)

Х

Х

Употреба на приоритетна лента на граничен премин, каде е возможно

Х

Х

 Лого

Овластените економски оператори имаат право да го користат логото ОЕО.

  

Логото е изработено од страна на Царинската управа.

Царинската управа го дава логото на употреба на ОЕО на имател на важечко одобрение ОЕО.

Секоја злоупотреба на логото е казнива.

 Взаемно признавање

Взаемното признавање претставува можност за имателите на одобренија за ОЕО за безбедност и сигурност поволностите кои ги нуди овој вид на одобрение да бидат дадени и признаени во трети земји со кои Република Северна Македонија има склучено договор за взаемно признавање.

 ЦЕФТА

Дополнителниот протокол 5 на ЦЕФТА на Договорот за изменување и пристапување на Централно-европскиот Договор за слободна трговија ја воспоставува можноста за мултилатерално признавање на издадените одобренија во страните на ЦЕФТА Договорот.

Дополнителен протокол 5 на ЦЕФТА Договорот за изменување и пристапување на Централно-европскиот Договор за слободна трговија

 Србија

Република Северна Македонија има склучено билатерален договор за взаемно признавање на одобренијата за ОЕО за безбедност и сигурност.

Спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Србија за взаемно признавање на одобренијата за овластен економски оператор - безбедност и сигурност (ОЕОС)

 Албанија

Република Северна Македонија има склучено билатерален договор за взаемно признавање на одобренијата за ОЕО за безбедност и сигурност.

Спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренијата за овластен економски оператор - безбедност и сигурност (ОЕОС)

СПИСОК НА ОВЛАСТЕНИ ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОРИ 

Список на овластени економски оператори

Р.бр

Имател

Вид на одобрение

Датум на стапување во сила

1

Европа АД Скопје

ОЕОС Безбедност и сигурност

05.01.2019

2

Фершпед АД Скопје

ОЕОЦ – Царински поедноставувања

13.02.2019

3

ИГМ-Трејд Доо Кавадарци

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност

06.07.2019

4

Дени Интернационал Дооел Скопје

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност

10.08.2019

5

Шенкер Шпедиција Дооел Скопје

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност

20.10.2019

6

Беташпед Доо Скопје

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност

04.11.2019

7

Викторија Шпед Доо Скопје

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност

04.11.2019

8

Фалкон Логистик Доо Скопје

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност 

20.11.2019

9

Мулти Шпед Дооел  Скопје 

ОЕОЦ Царински поедноставувања 

27.11.2019

10

ВитаминкаАДПрилеп

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност

29.01.2020

11

Нелт СТ Дооел Скопје

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност

08.03.2020

12

ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија Дооел Кавадарци

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност

20.06.2020

13

Јуба Доо Скопје

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност

05.10.2020

14

Луна Шпед Доо Скопје

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања/безбедност и сигурност

10.11.2020

15

Виатор и Вектор Доо Скопје

ОЕОЦ/ОЕОС Царински поедноставувања /Безбедност и сигурност

16.11.2020

16

Ју Ба Доо Скопје

ОЕОСбезбедност и сигурност

05.12.2020

17

Ред Шпед Дооел Скопје

ОЕОЦ/ОЕОС  за царински поедноставувања/безбедност и сигурност

07.12.2020

18

Монмар Доо СКОПЈЕ

ОЕОС – безбедност и сигурност

08.06.2021

19

Стема Транспорт Дооел Скопје

ОЕОС безбедност и сигурност

24.07.2021

20

Даути-Транспортшпед АД Скопје

ОЕОЦ царински поедноставувања

03.08.2021

21

Транслог-Експрес Дооел Скопје

ОЕОС – безбедност и сигурност

09.12.2021

22

Дел Кредере Дооел Куманово

ОЕОЦ Царински поедноставувања

29.12.2021

23

Кромберг и Шуберт Македонија БТ Дооел Битола

ОЕОС Безбедност и сигурност

24.01.2022

24

Симакс Шпедиција Дооел Скопје

ОЕОЦ Царински поедноставувања

08.10.2022

25

Пекабеско АД Скопје

ОЕОС Безбедност и сигурност

16.11.2022

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.