Портал за електронска комуникација (ПЕК)

Порталот за електронска комуникација (ПЕК) е on-line систем за електронска размена на документи со Царинската управа на Република Македонија. Системот им овозможува на надворешните кориснци да доставуваат најразлични видови на барања до Царинската управа во електронска форма, како и во реално време да ја следат состојбата на доствените предмети. Ваквиот начин на електронска размена на документите ја подобрува ефикасноста, како на Царинската управа, така и на бизнис заедницата во Република Македонија, со што се заштедуваат време и финансиски средства.

Електронската комуникација со Царинската управа ќе се врши преку електронско поднесување на оверени или скенирани документи користејќи го системот ПЕК, од кој ќе може да се преземаат електронски потпишаните документи од Царинската управа наменети за надворешните корисници.

За да може да остварува електронска комуникација со Царинската управа, корисникот треба да ја помине постапка за регистрација на ПЕК.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.