Проект „Консултација за модернизација на Царинската управа на Република Северна Македонија“- поддржан од Царинска служба на Јужна Кореја

Факти за проектот

Цел: Зајакнување на капацитетите на Царинската управа преку нејзина модернизација, со што би се зголемила продуктивноста во работењето и би се дал приоднес за градењето на иниституционалните капацитети, особено во делот  на брзите пратки, откривањето на нелегалните финансиски текови, како и анализа на ризик во е-трговија. Преку проектот се овозмошува натамошна компјутеризацијата и олеснувањето на царинските постапки за  подобрување на услугите кои земјата им ги нуди на економските оператори и истовремено зголемување на националната безбедност преку подобра контрола на меѓународното движење на стока и патници.

Времетраење: 2020 година

Вредност: 700.000 евра

Резултат: Изготвен е Извештај со предлог - воспоставување на Главен (Мастер) план по анализа на тековниот процес и ИТ-системот на царинската управа и прелог на модел за развој. Како препорака за последователна поддршка на Царинската управа од страна на Царинска служба на Јужна Кореја е помош при обезбедување на средства за спроведување на проект и во престојните процеси на набавка.

Проект на USAID за Регионален економски развој, управување и раст на претпријатијата, успешно реализиран во насока на воспоставување на заеднички контроли со Република Албанија на граничениот премин Ќафасан-Кафтане

Факти за проектот

Цел: Воспоставување на услови за воведување на заеднички  контроли со Република Албанија на граничениот премин Ќафасан-Кафтане. Проектот опфаќа набавка на опрема за контроли за граничен премин Ќафасан-Кафтане, стручен консултант, обуки и студиски посети за вработени од македонската и албанската царинска управа.

Времетраење: 2020-2021 

Вредност: 100.000 УСД

Резултат: Набавена е опрема за контроли за македонската и албанската царинска служба, извршени се обуки, а реализирана е и студиска посета за царински службеници од двете држави.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.