Тутунски производи

Акцизна основица

Акцизна основица за цигари е вредноста пресметана по парче и процент од малопродажната цена. Акцизата на цигари се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од едно парче и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на цигарите утврдена во согласност со одредбите од член 83 од Законот за акцизите. По исклучок за целите на пресметка и наплата на акцизата на цигари чија малопродажна цена не е пријавена, пропорционалната акциза се пресметува во однос на највисоката малопродажна цена на цигарите во Република Северна Македонија.

Акцизна основица за пури и цигарилоси е вредноста пресметана по парче и одреден процент од малопродажната цена. Акцизата на пури и цигарилоси се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од едно парче и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на пурите или цигарилосите.

Акцизната основица за фино сецкан тутун наменет за виткање цигари е еден килограм нето тежина и малопродажната цена. Акцизата на фино сецкан тутун наменет за виткање цигари се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од еден килограм нето тежина и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на фино сецканиот тутун.

Акцизната основица за друг тутун за пушење и тутун за водено луле (тутун за наргиле) е еден килограм нето тежина и одреден процент од малопродажната цена. Акцизата на друг тутун за пушење и тутун за водено луле (тутун за наргиле) се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од еден килограм нето тежина и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на друг тутун за пушење или тутунот за водено луле.

Акцизната основица на тутун за шмркање и тутун за џвакање е еден килограм нето тежина и одреден процент од малопродажната цена. Акцизата на тутун за шмркање и тутун за џвакање се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од еден килограм нето тежина и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на тутунот за шмркање или тутунот за џвакање.

Акцизната основица на несогорлив тутунски производ е еден килограм нето тежина на тутунска смеса и одреден процент од малопродажната цена. Акцизата на несогорлив тутунски производ се плаќа како специфична акциза пропишана во одреден износ за количина од еден килограм нето тежина на тутунска смеса и пропорционална акциза пропишана како одреден процент од малопродажната цена на несогорливиот тутунски производ.

Акцизната основица на течноста наменета за полнење на електронска цигара е еден милилитар волумен. Акцизата на течноста наменета за полнење на електронска цигара се плаќа како специфична акциза пропишана во износ за количина од еден милилитар волумен.

Износи на акциза на тутунски производи

Опис Единица мерка Специфична акциза Акциза по вредност (ad valorem) од малопродажна цена
Цигари парче 2,853 денари* 9%
Пури парче 21,37 денари 0%
Цигарилоси парче 10,00 денари 0%
Тутун за пушење (фино сецкан) килограм 2050,00 денари 0%
Друг тутун за пушење и тутун за наргиле килограм 2050,00 денари 0%
Тутун за шмркање и тутун за џвакање килограм 2050,00 денари 0%
Несогорлив тутунски производ килограм 3150,00 денари 0%
Течност за електронска цигара милилитар волумен 2,60 денари

Ако комбинираната акциза на цигарите е пониска од 3,053 денари по парче, се применува минималната акциза во износ од 3,053 денари за таа количина.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.