Животни

Домашни миленици

Постапката на увоз на домашни миленици, во и преку царинското подрачје на Република Северна Македонија, се одобрува под услов домашните миленици:

  • да не се наменети за трговија или за пренос на други лица,
  • се најмногу до пет единки во една пратка,
  • да се придружени од сопственикот или од него овластено лице и
  • да се пропратени со пропишана документација.

За секој домашен миленик кој се пренесува преку граничен премин на Република Северна Македонија, сопственикот или одговорното лице, треба да поседува соодветна документација за идентификација, односно:

  • Ветеринарно-здравствен сертификат издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака,
  • Пасош издаден од официјален ветеринар од земјата на испорака, кој е задолжителен за сите видови кучиња, мачиња и ласици, или
  • Изјава, издадена од сопственикот или одговорното лице, која е задолжителна за сите видови птици, под услов да доаѓаат од земја која е членка на Меѓународната организација за здравствена заштита на животните (ОIE).

Производи од животинско потекло

Поради ризик патниците да внесат болест во Република Македонија, сите пратки месо, производи од месо, млеко и производи од млеко, наменети за лична употреба се забранети за внес во Република Македонија, со исклучок на одредени стоки согласно Правилникот за начинот на вршење на проверка и преглед на граничен премин на пратки од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците и се наменети за лична употреба или некомерцијални цели. Исклучоците се наведени во Прилог 4 од правилникот

Кога наведените производи подлежат на обврската да се изврши задолжителен преглед, патниците потребно е да се упатат на спроведување на преглед кај граничен ветеринарен инспектор на граничниот премин доколку постои. Во спротивно патникот се пренасочува на граничен премин каде што постои соодветната инспекција, а само во воздушен сообраќај може да се прифати отстапување на стока во корист на државата врз основа на писмена изјава. Кога надлежниот граничен ветеринарен инспектор ќе ја оспори исправноста на производите од животинско потекло, истиот превзема соодветни мерки согласно Законот за ветеринарство.

Правилник за начинот на вршење на проверка и преглед на граничен премин на пратки од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците и се наменети за лична употреба или некомерцијални цели

Правилник за изменување на правилникот за начинот на вршење на проверка и преглед на граничен премин на пратки од животинско потекло кои се внесени како личен багаж на патниците и се наменети за лична употреба или некомерцијални цели

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.