Предмети од историска и културна вредност

Предмети од историска и културна вредност

Културно наследство се материјални и нематеријални добра кои што, како израз или сведоштво на човековото творештво во минатото и сегашноста или како заеднички дела на човекот и природата, поради своите археолошки, етнолошки, историски, уметнички, архитектонски, урбанистички, амбиентални, технички, социолошки и други научни или културни вредности, својства, содржини или функции, имаат културно и историско значење и заради нивната заштита и користење се наоѓаат под правен режим.

Културно наследство од особено значење (како заштитените музејски збирки) не смее да се извезе. Културно наследство што не е под општа забрана за извоз, како и добро што претставува национално богатство, може да се извезува само со дозвола на Управата за заштита на културно наследство.

Добрата кои немаат карактер на културно наследство и кои не подлежат под режим на заштита, односно нивниот извоз или изнесување од државата е слободен, се следните:

  • репродукции
  • копии на музејски експонати (антиквитети и други музејски предмети), пропратени со соодветен сертификат, со кој се потврдува копијата, потеклото на оригиналниот предмет и институцијата која што го издала.
Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.