Членство во меѓународни организации и тела

Светска царинска организација

Од 1 јули 1994 година Република Северна Македонија е член на Светска царинска организација - (формирана како Советот за царинска соработка), основана во 1952 година во Брисел, Белгија и активно учествува во нејзината работа. Основна цел на оваа организација, во која денеска членуваат 180 држави од целиот свет, односно нивните царински служби, е постигнување на највисоко ниво на хармонизација и еднообразност на царинските системи, проучување на проблемите на кои се наидува во развојот и подобрувањето на царинските техники и царинското законодавство.

Преку оваа организација Земјите членки ја унапредуваат својата царинска соработка во интерес на промовирање на меѓународната трговија. Една од основните функции на Советот е давањето на препораки за обезбедување на еднообразност во толкувањето и примената на одредени конвенции склучени под негово покровителство. Под нејзино покровителство се донесени 12 меѓународни конвенции и значителен број на препораки.

Светска трговска организација

Република Северна Македонија е членка на Светската трговска организација од април 2003 година. Светската Трговска Организација (СТО), како наднационална институција е една од најважните институции кои се занимаваат со меѓународните економски врски. Со своите органи и тела СТО активно и мошне успешно ја остварува својата двојна улога: воспоставување и засилувањ е на правилата за меѓународната трговија на производи и услуги и либерализација на трговијата. СТО е форум на владите за преговарање за трговските договори и како на место за разрешување на трговските несогласувања. Важноста на СТО и аспирацијата на земјите да бидат дел од оваа организација потекнува од големите привилегии што членството во СТО ги носи со себе во поглед на обезбедување на поповолен третман за националните производи и трговските субјекти при нивниот пристап на странските пазари, како и поттикнување на развојот на меѓународната трговија на земјите во развој.

EFTA

CEFTA

Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) е трговски договор меѓу земјите кои не се членки на ЕУ, чии членови се земји од Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија, Црна Гора и Косово. Основана од страна на претставници на Полска, Унгарија и Чехословачка, ЦЕФТА се прошири на Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Молдавија, Црна Гора, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Мисијата на Привремената администрација на Обединетите нации во Косово во име на Косово.

Република Северна Македонија е договорна страна на ЦЕФТА договорот од 2006 година

RILO

Република Северна Македонија е член на Регионални разузнавачки канцеларии за врска - Regional Intelligence Liaison Offices (RILO)

Под покровителство на Светската царинска организација воспоставена е мрежа на канцеларии за размена на царински разузнавачки информации, кои имаат за цел преку нивна размена на регионално и глобално ниво, да придонесат кон засилувањето и поголемата ефикасност во борбата против царинските измами и повредата на царинското законодавство. Врз регионална поделба воспостваени се 11 канцлераии за: Западна Европа, Источна и Централан Европа, Среден Исток, Азија и Пацифик, Севрна Африка, Западна Африка, Источна и Јужна Африка, Јужна Америка, Кариби, Централна Америка и Заедница на независните држави (Русија и 9 републики на поранешниот СССР). Република Северна Македонија припаѓа на регионот на Источна и Централна Европа, со централна канцлеарија во Варшава, Полска.

Размената на податоците се врши преку специјално подготвен инфомратички систем -царинска мрежа на податоци за спречување на криминалот (Customs Enforcement Network - CEN), преку која, со почитување на највисоки стандарди за безбедност и заштите на податоците, е овозможен пристап до повеќе бази на податоци и директна размена на пораки помеѓу членките. Разменетите информации претставуваат помош во борбата против недозволената трговија и царинските измами. Базите на податоци ги содржат информации за извршените одземања на стоки по однос на повредата на царинското законодавство.

SELEC

Република Северна Македонија е членка оснoвач на Центарот за спроведување на закон во Југоисточна Европа(SELEC) меѓународна организација за спроведување на закон со 12 земји членки од Југоисточна Европа, формирана со цел да обезбеди поддршка за своите земји членки и да ја подобри координацијата на активностите за спречување и сузбивање на криминал, вклучувајќи и сериозен и организиран криминал, во ситуации каде во ваков криминал е вклучен или се чини дека е вклучен елемент на прекугранична активност.

SELEC има повеќе од 15 годишно искуство и стручност за успешно спроведување на заеднички истраги и операции на регионално ниво, за олеснување на брза размена на информации преку офицерите за врски на своите земји членки кои се распоредени на работни задачи во Управата на SELEC во Букурешт, Романија.

Оперативните активности на SELEC се спроведуваат преку осум работни групи кои се занимаваат со прашања поврзани со криумчарење на дрога, финансиски и компјутерски криминал, шверц и царинска измама, недозволена трговија со луѓе, тероризам, украдени возила, криминал поврзан со животната средина и природата, а во овие оперативни активности Република Северна Македонија е координатор на Работната група за финансиски и компјутерски криминал и Работната под-група за криминал поврзан со културно наследство која е дел од Работната група за криминал поврзан со животната средина и природата.

Повеќе информации на www.selec.org

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.