Врз основа на чл. 22 и 23 од Законот за работните односи Пречистен текст („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 3/06, 44/06, 66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 106/08, 161/08, 63/09, 114/09, 130/09, 149/09, 10/10, 16/10, 50/10, 52/10, 58/10, 124/10, 132/10, 158/10, 47/11, 11/12, 39/12, 52/12, 13/13, 25/13, 54/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 145/14, 20/15, 33/15, 72/15, 74/15, 129/15, 167/15, 27/16, 134/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 90/20, 267/20, 151/21 ,288/21 и 111/23) в.в. со член 14, член 22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19, 14/20, 95/20 и 302/20), Правилникот за внатрешна организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година, Правилник за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и работа на Царинска управа број 01-035670/21-0033 од 02.12.2022 година и број 01-036570/21-0050 од 25.12.2023 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година, број 01-036570/21-0017 од 04.01.2022 година, број 01-036570/21-0025 од 25.08.2022 година, Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0032 од 02.12.2022 година , број 01-036570/21-0045 од 07.12.2023 година, број 01-036570/21-0055 од 07.08.2024 година, број 01-036570/21-0060 од 12.09.2024 година, број 01-036570/21-0069 од 15.12.2024 година, број 01-036570/21-0075 од 21.03.2025 година и број 01-036570/21-0080 од 23.04.2025 година, известувањето од Министерството за финансии број 19-5784/3 од 20.06.2025 година Царинската управа објавува:
ЈАВЕН ОГЛАС бр. 03/2025
за вработување на 70 (седумдесет) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на декември во тековната фискална година (2025)
Царинската управа објавува оглас за вработување на 70 (седумдесет) извршители на определено време до крајот на тековна фискална година (2025):
- Работно место oд ниво В1 самостоен советник за енергенти и електрична енергија и моторни возила во Одделение за енергенти и електрична енергија и моторни возила во Сектор акцизи во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место oд ниво В1 самостоен советник за акцизни дозволи и одобренија, Одделение за акцизни дозволи и одобренија во Сектор акцизи во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В1 самостоен советник за надзор и проверка во Служба за надзор и проверка и аналитика, Одделение за надзор, проверка и координација во Сектор акцизи во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В1 самостоен советник за кадрови во Одделение за кадрови во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В2 виш инспектор за контрола на трговски друштва, Одделение за контрола на трговски друштва во Сектор за контрола и истраги, во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В1 самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Штип, во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В1 самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Штип, во Царинска управа, 1 извршители,
- Работни места од ниво В3 систем инженер-администратор за ИКТ контрола и безбедност во Служба за ИКТ контрола и безбедност во Одделение за ИКТ контрола и безбедност, Сектор за информатички и комункациски технологии, во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В1 самостоен советник за заштита на права од интелектуална сопственост во Служба за заштита на правата од интелектуална сопственост, Одделение за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост, Сектор за акцизи, 1 извршител,
- Работно место од ниво В1 самостоен советник за јавни набавки, Одделение за јавни набавки, во Сектор за административни и технички работи, во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во царинска испостава Штип, во Царинарница Штип при Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во царинска испостава Струмица, во Царинарница Гевгелија при Царинска управа , 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ново Село, во Царинарница Гевгелија при Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во царинска испостава Гевгелија, во Царинарница Гевгелија во Царинска управа 4 извршители,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ќафасан во Царинарница Битола во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Меџитлија, во Царинарница Битола во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Аеродром Св. Апостол Павле - Охрид, во Царинарница Битола во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во царинска испостава Струга, во Царинарница Битола во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во царинска испостава Прилеп, во Царинарница Битола во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во царинска испостава Скопје 1, во Царинарница Скопје во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во царинска испостава Скопје 2 во Царинарница Скопје во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во царинска испостава Слободна Зона Скопје во Царинарница Скопје во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 виш цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово во Царинска управа, 1 извршител
- Работно место од ниво Г4 техничар за поддршка и координација во Служба за корисничка поддршка, Одделение за апликативна поддршка во Сектор за информатички и комункациски технологии во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Скопје 2, во Царинарница Скопје во Царинска управа, 2 извршителi,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Скопје 1, во Царинарница Скопје во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Пошта Скопје во Царинарница Скопје во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Меѓународен Аеродром Скопје, Царинарница Скопје во Царинска управа, 7 извршители,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Јажинце, во Царинарница Скопје во Царинска управа, 3 извршители,
- Работно место од ниво В4 цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Куманово во Царинарница Куманово во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Табановце автопат во Царинарница Куманово во Царинска управа, 3 извршители,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Делчево, во Царинарница Штип во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Штип, во Царинарница Штип во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 цариник во отсек за стоков промет во царинска испостава Ново Село, во Царинарница Гевгелија во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Ново Село, во Царинарница Гевгелија во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Богородица во Царинарница Гевгелија во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Дојран во Царинарница Гевгелија во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Стење во Царинарница Битола во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Блато во Царинарница Битола во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Свети Наум во Царинарница Битола во Царинска управа, 2 извршители,
- Работно место од ниво В4 цариник во отсек за патнички промет во царинска испостава Аеродром Св. Апостол Павле-Охрид во Царинарница Битола во Царинска управа, 1 извршител,
- Работно место од ниво В4 цариник во царинска испостава Битола во Царинарница Битола во Царинска управа, 1 извршител,
Општи услови за сите работни места:
- да е државјанин на Република Северна Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови за работно место: самостоен советник за енергенти и електрична енергија и моторни возила во Одделение за енергенти и електрична енергија и моторни возила во Сектор акцизи:
- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: самостоен советник за акцизни дозволи и одобренија, Одделение за акцизни дозволи и одобренија во Сектор акцизи
- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место; самостоен советник за надзор и проверка во Служба за надзор и проверка и аналитика, Одделение за за надзор, проверка и координација во Сектор акцизи
- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: самостоен советник за кадрови во Одделение за кадрови
- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Општествени науки
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: виш инспектор за контрола на трговски друштва, Одделение за контрола на трговски друштва во Сектор за контрола и истраги:
- ниво на квалификации: ниво на квалификации VI Б според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Машинство, Организациони науки и управување (менаџмент)
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку две години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Штип:
- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: самостоен советник за царински надзор во Служба за надзор на иматели на одобренија во Царинарница Штип:
- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Инженерство и технологија
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: В3 систем инженер-администратор за ИКТ контрола и безбедност во Служба за ИКТ контрола и безбедност во Одделение за ИКТ контрола и безбедност
- ниво на квалификации; VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Електротехника, Информатика, Машинство
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку една година работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: В1 самостоен советник за заштита на права од интелектуална сопственост во Служба за заштита на правата од интелектуална сопственост, Одделение за нетарифни мерки и заштита на правата од интелектуална сопственост, Сектор за акцизи
- ниво на квалификации VI A според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Високо образование
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);
- најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место техничар за поддршка и координација во Служба за корисничка поддршка, Одделение за апликативна поддршка во Сектор за информатички и комункациски технологии:
- ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија (англиски, француски, германски),
- со или без работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: Виш цариник
- ниво на квалификации:VI Б според Македонската рамка на квалификации и најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Економски науки, Правни науки, Организациони науки и управување (менаџмент),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија (англиски, француски, германски),
- без работно искуство на царински работи или во струката.
Посебни услови за работно место: Цариник
- ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија (англиски, француски, германски),
- без работно искуство на царински работи или во струката.
Кандидатите потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)
- Доказ за државјанство;
- Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
- Доказ уверение - диплома за завршен степен на образование; (за високо образование – диплома и уверение со изразен степен на образование , изразени кредити стекнати според ЕКТС и просек;
- Доказ за познавање на компјутерски програми за канцелариско работење;
- Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);
- Доказ за работно искуство (преглед на регистрирани податоци во матична евиденција издаден од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија/ Агенција за вработување)
Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,
Работно време: од понеделник до петок од 08,30 до 16,30 часот
Распоред на работно време во гранични царински испостави 12:24-12:48 часа
Работно време: од понеделник до недела
Распоред на работно време во царински испостави за стоков промет: работа во турнус
Работно време: од понеделник до сабота 12 часа дневна смена
Паричен износ на основна нето плата за работно место: самостоен советник 51.641,00 денари, виш цариник 49.664,00 денари, цариник 37,659,00 денари, техничар за поддршка и координација 39.386,00 денари, виш инспектор 51.641,00 денари, систем инжинер – администратор 51.641,00 денари,
Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2025 година.
Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.
Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk на следната локација https://www.customs.gov.mk/mk-MK/pocetna/za-nas/nasata-uloga/vrabotuvanja.nspx
Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадени во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.
Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови од денот на објавувањето на огласот, односно најдоцна до 04.07.2025 година (петок).
Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.
Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 03/2025“). Контакт телефонски број 02 3116 188 Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.
Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.
Директор
Бобан Николовски
Бр. 04-045321/25-0001
Скопје, 01.07.2025 година