Република Северна Македонија, како потписничка на Конвенцијата за заеднички транзит (CTC), го користи системот НКТС фаза 4, современа алатка за спроведување на транзитната постапка.

Согласно условите на Конвенцијата за заеднички транзит, сите нејзини членки треба да направат надградба на системот во НКТС фаза 5, кој претставува нова верзија со подобрени функционалности.

Ова е прво ажурирање на системот НКТС со кое се предвидуваат промени во однос на усогласување на системот со законските барања пропишани во Царинскиот закон на Унијата (UCC) и Конвенцијата за заедничка транзитна постапка.

Една од поголемите измени е усогласување на размена на IE пораки со потребни податоци дефинирани во прилозите кон Уредбите на ЕУ, но и во Конвенцијата, имајќи ги при тоа во предвид ЕУ царински модел на податоци.  

Со новините на системот НКТС 5 ќе се овозможи олеснување на  регистрирањето на „попатните“ настани во текот на транзитната постапка и воведување на нови процеси и улога на ова царинска испостава, ќе се имплементира транзитна декларација со намален сет на податоци и поднесување на декларација пред ставање стока на увид и ќе овозможи размена на пораки по електронски пат помеѓу различни системи за декларација на ниво на ЕУ. Исто така ќе следи и миграција на податоци од НКТС 4 во НКТС 5.

Царинската управа, во соработка со надворешен изведувач, веќе започна со развој и имплементација на новиот систем НКТС 5 кој треба да се пушти во продукција кон крајот на првиот квартал од 2024 год.

Царинската управа редовно ќе ги информира своите партнери, Економските оператори за сите планирани активности кои ќе следат.  

Тука ќе може да ги најдете сите потребни информации во врска со сите фази на имплементација на овој проект.

Функционална и техничка спецификација

Европска спецификација - Main Document

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.