Други акцизни ослободувања

Акцизните добра се ослободени од плаќање акциза, кога се користат од страна на држател на акцизен склад или повластен корисник на акцизни добра, по претходна согласност од надлежен царински орган, во случаите кога:

  • се користат како примероци за анализа и тестови при производство или за научно -истражувачки цели;
  • се употребуваат за контрола на квалитетот;
  • се употребуваат за цели на акцизен надзори;
  • се уништуваат под царински надзор.

Акциза на алкохол и алкохолни пијалаци не се плаќа и:

  • За пиво кое е произведено од страна на физичко лице за сопствена потрошувачка и за потрошувачка од страна на членовите на неговото домаќинство или неговите гости под услов да не е наменето за продажба и во количина од 500 литри годишно;
  • За вино и останатите пијалаци добиени со ферментирање кои се произведени од страна на физичко лице за сопствена потрошувачка и за потрошувачка од страна на членовите на неговото домаќинство или неговите гости под услов да не се наменети за продажба и во вкупна количина од 500 литри годишно и
  • За етил алкохол произведен од страна на физичко лице за сопствена потрошувачка и за потрошувачка од страна на членовите на неговото домаќинство или неговите гости под услов да не е наменето за продажба во количина од 200 литри чист алкохол годишно.
Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.