Проект „Зајакнување на капацитетот на Царинската управа за спроведување на царинското и акцизното законодавство’’

Општа цел на проектот беше натамошно услогласување на законодавството со законодавството на ЕУ во областа акцизи и дополнително зајакнување на административниот и оперативен капацитет на Царинската управа за спроведување на царинското и акцизно законодавство, како и завршување на подготовките за пристапување кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и кон Конвенцијата за поедноставување на трговијата со стока. Проектот се состоеше од 2 компоненти:

Хармонизација на законодавството и постапките со законодавството и добрата практика на ЕУ во областа на акцизите

Факти за проектот:

Цел: Целосно усогласување на националното законодавство поврзано со акцизите со она на ЕУ, како и зајакнување на административните и оперативните капацитети на Царинската управа во процесот на исполнување на европските стандарди

Времетраење: 18 месеци (2015 - 2016 г.)

Вредност: 0,95 милиони евра

Резултат: Подготвен е Нацрт Закон за акцизите кој е во голема мера е усогласен со директивите на ЕУ и ги опфаќа најдобрите практики и процедури од повеќе земји членки на ЕУ. Законот содржи одредби кои се применливи веднаш и одредби кои ќе бидат применливи по пристапувањето на Република Македонија кон ЕУ. Исто така, подготвени се и три нацрт правилници кои поблиску го определуваат начинот на спроведување на одредбите од законот. Подготвени се и кореспондентни табели за усогласеност на законот со прописите на ЕУ, кои претставуваат клучен индикатор за мерење на успешноста на овој проект.

Проектот се реализираше со помош на Царинската служба на Австрија како твининг партнер.

Завршување на постапката за пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзитни постапки и Конвенцијата за поедноставување на формалностите во трговијата со стока

Факти за проектот:

Цел: доближување на начинот на спроведување на царинските постапки во Република Македонија кон европските стандарди и најдобри пракси преку подготовка на регулативата и интерни процедури поврзани со имплементацијата на Конвенцијата за заеднички транзит.

Времетраење: 21 месеци (2014 - 2016 г.)

Вредност: 0,947 милиони евра

Резултат: Со поддршка на овој проект, Република Македонија на 1 јули 2015 година стана дел од заедничкиот транзитен систем на ЕУ. Се изврши соодветно наполнување на спроведеното усогласување на националното примарно и секундарно законодавство во делот на транзитот и единствената царинска декларација со Конвенциите за заедничка транзитна постапка и поедноставување на формалностите во трговија со стока, беа направени одредени промени во организациска поставеност со зајакнување на одредени организациони единици кои се главни носители на заедничката транзитна постапка. Во рамките на проектот беше обезбедено електронско комуникациско поврзување со Европската Комисија, и беше подготвен, инсталиран и повеќе пати успешно тестиран компјутерски систем за транзит т.н. Нов компјутеризиран транзитен систем. Овој систем е основа за спроведување на транзитната постапка преку размена на електронски пораки помеѓу застапниците во царинската постапка и царинските испостави, како и помеѓу самите царински испостави.Како составен дел од проектот беа спроведени голем број обуки на царинските службеници и царинските застапници за нивна подготовка за успешно работење во рамките на заедничкиот европски транзитен систем. Проектот се имплементираше со стручна помош од Финансиската управа на Република Словенија.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.