Патнички промет

Колку алкохол можам да понесам со себе при влез во Република Македонија без плаќање на царински давачки?

При влез во Република Македонија имате право без плаќање на царински давачки и ДДВ да внесете

  • дестилирани и жестоки алкохолни пијалоци со процент на алкохол над 22%: 1 литар или
  • дестилирани и алкохолни пијалоци и аперитиви со винска или алкохолна основа со процент на алкохол што не надминува 22%: 2 литри и
  • вино: 2 литри

Ослободувањата за преработки од тутун и алкохол и алкохолни пијалоци не важат за патници помлади од 18 години.

Колку цигари смеам да внесам во Република Македонија без да платам царина?

Македонските и странските државјани се ослободени од плаќање на увозни давачки (царина, ДДВ и акциза) за

  • 200 цигари, или
  • 100 цигарилоси (цигари со максимална тежина од 3 гр.по парче), или
  • 50 пури, или
  • 250 грама тутун за пушење, или
  • сразмерна количина на различни преработки на тутун

Ослободувањата за преработки од тутун и алкохол и алкохолни пијалоци не важат за патници помлади од 18 години.

Планирам да се преселам во Македонија после 41 година престој во странство и би сакал да знам кои се постапките за увезување на моите материјали, како куќни така и деловни материјали.

Согласно Законот за царинска тарифа со кој се пропишани царинските давачки за стоката, за мебел царинската стапка е во опсег од 10-15% а зависно од видот на мебелот и материјалот од кој е изработен.

За апарати за домаќинство царинската стапка е 15% и ДДВ 18%. (генерално).

Согласно царинското законодавство во Република Македонија не е предвидено ослободување од плаќање на царина и други увозни давачки, како и ДДВ за предмети кои ги увезуваат лица кои се преселуваат во РМ.

Дали за увоз на четири нови гуми за автомобил со вредност од 230 евра подлежат на царина и со кој процент ?

Ве известуваме дека за увоз на нови надворешни пневматски гуми, како и внатрешни гуми за патнички автомобили, согласно Законот за царинска тарифа, царинската стапка изнесува 13% од царинската основица, која претставува збир од вкупната фактурна вредност плус додадени транспортни и други манипулативни трошоци.

Данокот на додадена вредност е 18%. Даночната основица ја сочинува царинската основица зголемена за износот на пресметаната царина.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.