Издавање на потврда согласно член 37 од законот за финансиска поддршка на инвестиции

Се известуваат сите деловни субјекти дека за издавање на Потврда од Царинска управа на Република Македонија согласно член 37 од Законот за финансиска поддршка на инвестиции (Службен весник на Република Македонија број 83/2018....и 124/2019) и член 2 и член 3 од Правилникот за формата и содржината на барањето за доделување на финансиска поддршка и потребната документација (Службен весник на Република Македонија број 142/2019) потребно е да поднесат Барање за издавање на потврда (образец објавен на веб страната) во архивата на Царинска управа

Барање за издавање на потврда согласно член 37 - македонски јазик

Двојазично барање за издавање на потврда согласно член 37

или на следната адреса:

Царинска управа на Република Северна Македонија

Сектор за финансиски прашања

Одделение за наплата на приходи

ул. Лазар Личеноски бр.13

1000 Скопје.

 

Кон барањето се приложува уплатница како доказ за платена административна такса од 50,00 денари.

Административната такса може да се плати и со испраќање на СМС порака на бројот 144 166 со следната содржина: ТМ_Naziv na delovniot subjekt _50.

Барањето треба да биде потполнето точно, читливо и целосно.

За подетални информации можете да не контактирате на:
e-mail:oddeleniezanaplata@customs.gov.mk или на

тел: 02/32 93 945, 02/32 93 946, 02/32 93 979

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.