Пријавување на акцизни марки

Држателот на акцизен склад и увозникот месечните потреби за планирани количини од акцизни марки ги пријавуваат до надлежниот царински орган најдоцна до 10-ти во тековниот месец за наредниот месец. Пријавата се поднесува во електронска форма преку користење на компјутерскиот систем на Царинската управа од 1 до 10-ти во месецот за планирани количини за наредниот месец на следниот линк: https://trader.customs.gov.mk/myAccount-ui/protected/welcome.html

Трошоците за печатењето и за чувањето на акцизните марки ги определува надлежниот царински орган и ги наплатува од држателот на акцизен склад и увозникот со поднесување на пријавата за планирани количини на акцизни марки. Висината на трошоците се утврдува врз основа на трошоците за печатење, чување и издавање на акцизните марки.

Пред подигнување на акцизните марки држателот на акцизен склад и увозникот се должни да поднесат гаранција во висина на акцизниот долг кој може да настане.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.