Внес на растенија

Сакам да купам преку интернет јагоди-расад, дали е дозволено да се увезат и колку се царинските давачки и ДДВ?

За увоз садници на јастиво овошје, согласно Законот за царинска тарифа, царинската стапка изнесува 2% од царинската основица, која претставува збир од вкупната фактурна вредност плус додадени транспортни и други манипулативни трошоци.

Данокот на додадена вредност е 5%. Даночната основица ја сочинува царинската основица зголемена за износот на пресметаната царина.

При увоз на растенија, цвеќиња, овошје и зеленчук во царинското подрачје на Република Македонија, задолжително треба да се поседува одобрение издадено од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство - Фитосанитарна управа, со кое се потврдува дека производите се здрави и необолени. Покрај потребното одобрение, овие производи задолжително подлежат на преглед од страна на фитосанитарен инспектор.

Сакам да порачам семе за некој дрвја и цвеќиња од интернет. Дали е дозволено да се внесе семе преку царина ?

При увоз на растенија, цвеќиња, овошје и зеленчук во царинското подрачје на Република Македонија, потребно е задолжително да се поседува одобрение издадено од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство - Фитосанитарна управа, со кое се потврдува дека производите се здрави и необолени. Покрај потребното одобрение, овие производи задолжително подлежат на преглед од страна на фитосанитарен инспектор.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.