Внесување на ефективни странски пари

Резидентите можат слободно да внесуваат во Република Северна Македонија ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.

Одлука за висината на внесување или изнесување на странски пари и чекови

Одлука - ефективни домашни пари чекови и монетарно злато Сл весник бр 41 од 2007 година

Образец за пријавување на ефективни странски и домашни пари и чекови кои резидентите и нерезидентите го внесуваат или изнесуваат од Република Македонија

Резиденти

Резидентитеi Правни лица со седиште во РСМ и нивни претставништва во странство, подружници на странски друштва регистрирани во РСМ, физички лица со постојано место на живеење во РСМ, физички лица со регулиран привремен престој во РСМ и дипломатски и конзуларни претставништва на РСМ во странство. можат во Република Северна Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.

Резидентите можат во Република Северна Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.

Резидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот од 10.000 евра.

Нерезиденти

Нерезидентитеi Сите други правни и физички лица кои немаат статус на резиденти. можат во Република Северна Македонија слободно да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност до 10.000 евра.

Нерезидентите можат во Република Северна Македонија да внесуваат ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во противвредност од 10.000 евра и повеќе, само доколку при преминот на државната граница кај надлежните царински органи го пријават износот на ефективни странски пари и чекови што го внесуваат.

Нерезидентите можат при преминот на државната граница кај надлежните царински органи да пријават и ефективни странски пари и чекови кои гласат на странски пари во износ помал од износот од 10.000 евра.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.