Движење на акцизни добра во постапка на акцизно одложување на акцизното подрачје -EMCS

Движење на акцизни добра во постапка на акцизно одложување на акцизното подрачје се смета движењето кое започнало и завршило во Република Северна Македонија.

Акцизните добра се движат во постапка на акцизно одложување на акцизното подрачје во случаите кога:

  • се испраќаат од еден акцизен склад во друг акцизен склад;
  • се испраќаат од акцизен склад до место на повластено користење на имател на одобрение за повластено користење или имател на одобрение од член 100 од Законот за акцизите и од место на повластено користење се враќаат во акцизен склад со претходна согласност на надлежен царински орган;
  • се испраќаат од акцизен склад до царинска испостава на извоз и
  • од царинската испостава на увоз, по завршување на царинската постапка се испраќаат до акцизен склад или до место на повластено користење.

Движењето на акцизните добраво постапка на акцизно одложување започнува кога акцизните добра се испраќаат од акцизен склад и од царинска испостава на увоз по завршување на царинската постапка се внесуваат во акцизен склад или во место на повластено користење.

Движењето на акцизните добра во постапка на акцизно одложување се смета завршено кога примачот ќе ги добие акцизните добра или кога акцизните добра ќе го напуштат акцизното подрачје на Република Македонија.

Доколку во текот на движењето на акцизните добра во постапка на акцизно одложување на акцизното подрачје дошло до неправилности, настанува акциза согласно член 8 став (2) точка 1) од Законот за акцизите, при што за акцизен обврзник ќе се смета држателот на акцизен склад или било кое лице кое го гарантирало плаќањето на акцизата и било кое друго лице кое учествувало во неправилното напуштање на акцизните добра од постапката на акцизно одложување и кое знаело или можело да знае за неправилностите за време на напуштањето на акцизните добра од постапката на акцизно одложување.

Образец А - Резервна постапка - Хартиен административен документ за движење на акцизните добра во постапка на акцизно одложување

Образец Б - Резервна постапка - Потврда за прием/потврда за извоз при движење на акцизните добра во постапка на акцизно одложување

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.