Настани и интервјуа

Кутиров за Македонско Радио: Работиме на воведување „паметни граници“

Придобивките од дигитализацијата и олеснувањето на трговијата таргетираат над 11 илјади увозно-извозни домашни компании. Навремената и ефикасна имплементација на европските регулативи и системи го унифицира начинот на спроведување на царинските постапки со оние во развиениот свет. Ова е од особено значење за компаниите бидејќи овозможува поголема предвидливост, забрзување на процедурите и намалување на трошоците, вели директорката на Царинска управа, Славица Кутиров во интервју за Македонско Радио.

Во интервјуто директорката говори за дигитализацијата и мерките кои се носат за олеснување на трговијата и намалување на корупцијата, во чиј дел годинава е планирано да се имплементира и проектот за т.н. паметни граници.  

Во продолжение целиот текст од интервјуто.

Царинската управа работи на дигитализирање на своето работење. Како се одвива овој процес и што е направено до сега имајќи во предвид дека се повеќе зборуваме за електронски документи, а не хартиени, за едношалтерски систем каде што Царината е поврзана со повеќе други државни институции?

Кутиров: Царината е една од важните алки во меѓународниот синџир на снабдување со стоки, поради што работењето и развојот на Царината постојано се заснова на примена и имплементација на глобалните стандарди и правила за тргување, што е основа и во нашето работење.

Дигитализацијата на царинското работење е исто така многу значаен дел, на кој се фокусирани  сите земји во светот, пред се развиените и земјите од Европската унија. Целта на дигитализацијата е да се унифицира, олесни и забрза протокот на стоките и меѓународната трговија во целост и со тоа да се обезбеди поголема конкурентност на компаниите и раст на економијата.

Дигитализацијата е и значаен приоритет на Владата, заради обезбедување на што поефикасни услуги за граѓаните и деловната заедница, размена помеѓу институциите, со цел поефикасни контроли и намалување на сивата економија. Приоритетите на ЦУ во делот на дигитализацијата се пресликани преку повеќе проекти во нашиот тригодишен Акциски план за развој, на чија реализација ние активно работиме. 

Навремената и ефикасна имплементација на европските регулативи и системи на национално ниво, а особено директната интерконекција со централните европски системи, го унифицира нивото и начинот на спроведување на царинските постапки со оние во развиениот свет, што е значајно за нас како држава, но пред сѐ е значајно за домашните компании бидејќи дава предвидливост, влијае на забрзување на процедурите и истовремено намалување на трошоците, и е силен поттик при нивното учество на пазарите на ЕУ и пошироко.

Придобивките од дигитализацијата и олеснувањето на трговијата, таргетираат над 11.000 домашни компании - активни учесници во увозно – извозните царински постапки.

Поради сето тоа, изминатава декада, а особено во последните 5 години ЦУ е силно посветена на овој процес.

Значаен напредок, во таа насока, постигнавме во 2019 година, кога го ставивме во функција новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи, со што после 20 години воспоставиме технолошки нова исклучително комплексна платформа, која денес е основа за целосното бесхартиено работење кое се применува при царинењето на стоките.

Она што е многу значајно е дека оваа нова платформа обезбедува интеграција и интероперабилност со другите царински системи, наменети за електронско процесирање на сите царински постапки, како што се транзитните постапки - NCTS, електронското издавање на дозволите за увоз – извоз - EXIM, како и интеграција со царинските системи и базите на податоци за администрирање на давачките и мерките поврзани со царинската тарифа – ITO.

Оваа ИКТ платформа разменува податоци и со европски системи, а на национално ниво преку повеќе сервиси е поврзана со трезорскиот систем на Министерството за финасии, со системите на Централниот регистар, а од неоддамна и со Министерството за транспорт и врски, со системот за дозволи за превоз на патници.

Голем предизвик, но и успех за нас е што во 2022 година преку оваа платформа обработивме над 1.3 милиони електронски документи и она што е многу важно обезбедивме 99,7% достапност на сите услуги кои се дел од неа.

Значајна новина со која во целост го заокруживме бесхариеното работење во царинските постапки и на што сме посебно горди се новите сервиси ставени во функција неоддамна со т.н. зелена царинска декларација. Сервисите кои ги нуди зелената царинска декларација им овозможуваат на економските оператори далечински, без интервенција и физичка интеракција со царинскиот службеник да ја завршат постапката за еден час и да ги пуштат стоките во слободен промет.

Поконкретно, од ноември минатата година економските оператори, односно царинските застапници како дирекни учесници, веднаш по пристигнувањето на стоките на царинските терминали, електронски ја поднесуваат увозната или извозната декларација преку нивните системи до системот на Царинската управа. Претходно, врз основа на добиените документи и информации од компаниите и транспортерите кои ги застапуваат, а која комуникација денес може да се врши електронски и многу брзо на различни начини, тие можат пред-пристигнување (pre-arrival) да ја подготват декларацијата. 

По пристигнувањето на стоките и по поднесувањето на декларацијата, во нашиот систем се врши автоматска проверка и валидација на податоците, електронско приложување на потребните документи, автоматска селекција на канал за контрола. Доколку системот за ризици на ЦУ не предвидува контрола и нема дополнителни сомневања, системот проверува дали се платени потребните давачки и автоматски ги ослободува стоките за еден час, за што електронски го известува застапникот.

Врз основа на тековните податоци и анализата која ја направивме за месец декември 2022 година, овие сервиси  овозможуваат за околу 80% од увозните декларации кои се селектирани на зелен канал царинската постапка да се комплетира за еден час.

Ме радува што за оваа новина веќе добиваме многу позитивни коментари од деловната заедница, бидејќи тоа забрзување за нив значи помалку трошоци и ресурси, а тоа пак влијае позитивно на нивната конкурентност.

Стратешка определба на Царинската управа е заштита на финансиските интереси на државава преку наплата на царина, ДДВ и акциза, воспоставување на ефективна царинска контрола. Г.ѓо КУТИРОВ, колкави финансиски средства се слеани минатата година во буџетот по овие основи и какви се плановите за годинава?

Кутиров: Изминатата година има одлична реализација на приходите со раст од 15% во однос на 2021 година, или за 49% повеќе во однос на 2020 година, која беше и најтешка пандемиска година.

Така, минатата година, се остварени приходи од 119,2 милијарди денари, што е за 15,6 милијарди денари повеќе од 2021 година.

Гледано од аспект на полнење на Буџетот, приходите кои ги остварува Царината учествуваат со речиси 48% во вкупните буџетски приходи.

Притоа најголемиот дел од приходите или 77,4 милијарди денари се остварени од ДДВ при увоз, што е речиси за 20 проценти или 12,8 милиони повеќе од претходната година. 

Ваквите податоци покажуваат дека економијата се опоравува односно се враќа на патеките пред пандемијата.

Низ Македонија поминуваат двата паневропските коридори 8 и 10. Г.ѓо КУТИРОВ, генерално колкав обем на стоки изразено во тони и во парична вредност се извезуваат од Македонија или транзитираат преку нашава држава?

Кутиров: Како што споменав претходно, во 2022 година се обработени 1.3 милиони електронски документи, од нив 1,14 милиони се увозни, извозни и транзитни деклрации. Анализата покажува дека во 2022 година се извезени над 3 милиони тони стока, со статистичка вредност од 409 милијарди денари (или 6,6 милијарди евра), додека се увезени 6,5 милијарди тони стока, со вредност од 692 милијарди денари.

Граничните премини се многу важни во сузбивањето на криминалот и корупцијата од секаков вид: криумчарење стоки, дрога, пари итн. Kако ја сузбивате нелегалната трговија и сивата економија? И колку царинарниците се обучени за сузбивање на шверцот и криминалот?

Кутиров: Безбедноста и заштитата на нашите граници, односно сузбивањето на криминалот и нелегалната трговија е наш врвен приоритет на кој сме силно фокусирани. Тоа го покажуваат и резултатите од минатата година, кога бележиме двоен раст на случаите на заплени во однос на претходните две години. Притоа во 114 случаи, беа запленети 8 тони  дроги и психотропни супстанци, како и девизи, злато и акцизна стока со вредност од над 2 милиони евра.

Во декември минатата година, мобилните тимови на ЦУ остварија рекордна заплена на злато и девизи во вредност од 1 милион евра, во автобус на излез од државата.

Царинската служба има врвни професионалци, во секторот за контроли и истраги, каде се и мобилните тимови, одделението за истраги, кои се добро обучени и кои со години работат на оваа проблематика. Тука имаме голема соработка со МВР, со обвинителството за организиран криминал, како и со повеќе меѓународни организации кои работат на сузбивање на нелегалната трговија.

Минатогодишните резултати се показател дека сме на добар пат. Секако дека и годинава продолжуваме во таа насока, со уште позасилено темпо.  

Порано можевме да слушнеме за цариници кои во спрега со граничната полиција беа вклучени  во разни криманални активности. Г.ѓо КУТИРОВ, каква е сега состојбата? Имате ли изречено казни и суспензии?

Кутиров: Сузбивањето на коруптивните појави, во Царинската управа се третираат на системско ниво. Ние сме институција која има воспоставено посебна независна организациона структура за професионална одговорност, која покрај на откривање на отстапувања од професионално и етичко работење работи и на намалување на коруптивните појави.

Учесниците во царинската постапка, своите поплаки можат да ги достават преку отворената телефонска линија 197 или преку електронска пошта или писмено, по што задолжително се  постапува. Минатата година овој сектор има спроведени вкупно 159 внатрешни истраги и контроли, при што врз основа на наодите покренати се 20 дисциплински постапки по различни основи.

Она што дава нов импулс во таа наоска е тоа што минатата година презедовме низа дополнителни мерки и активности кои влијаат на справување со коруптивните појави. Од април 2022, започнавме со задолжителни ротации на царинските службеници, како една од најефикасните превентивни мерки која се применува и во земјите од Европската Унија. Тој процес ќе продолжи и годинава.

Исто така, во соработка со Амбасадата на САД, следејќи го позитивното искуство на Министерството за внатрешни работи, планираме воведување на т.н. боди или телесни камери, наменети пред сѐ за царинските службеници на граничните премини. Целта е да се обезбеди поголема транспарентност во комуникацијата помеѓу нив и патниците, да се поддржи професионалноста при постапувањето од една страна, и да се откријат евентуални нелегални или коруптивни појави од друга.

Сепак, дигитализацијата на која сме силно фокусирани, преку воведувањето на сите овие технолошки напредни алатки, како и новите сервиси  за целосно бесхартиено работење кои се применуваат без непосредна интеракција со царинските службеници, кои овозможуваат намалување на субјективизмот при одлучувањето, верувам дека е најсилното оружје за напредок на службата и паралелно за сузбивање и на ваквите појави.

Нашава држава е дел од иницијативата „Отворен Балкан“. Една од придобивките беше и отворањето на посебни ленти за камиони со назнака „Отворен Балкан“ на граничните премини на нашава земја со Србија и Албанија за да се забрза протокот на стоки меѓу земјите. Со Србија функционира алатката One Stop Shop. Г.ѓо КУТИРОВ, се уште на границата со Србија се чека долго во колони. Како да се намалат чекањето и долгите редици?

Кутиров: Движењето на стоки преку граничните премини е во дирекна надлежност на Царинската управа и тој проток се одвива со континуирана динамика, и со одредени процедури, независно од тоа дали е период на годишни одмори или празници.

Инаку, граничниот премин Табановце е најфреквентен премин на стоки односно товарни возила во нашата држава. Изминатата година преку овој премин бележиме проток на 39% од увозот и 24% од извозот на стоки од државата. Притоа, во 2022 година 190.000 товарни моторни возила влегле во државата преку овој премин, што во просек значи над 500 товарни возила дневно. Слични се бројките и на излез на товарни возила од државата, но бележат континуитет.

За товарните возила на ГП Табановце, има оддвоено две посебни ленти, кои се структуирани согласно стандарди за такви возила.  Овде можам да кажам дека состојбата со протокот на товарните возила кои носат стоки е вообичаена, без поголеми задржувања на преминот, освен во одредени исклучоци кога имаме прекин на некој од системите на царина или полиција од било која од двете држави. Во рамките на иницијативата Отворен Балкан, Царинската управа, реализираше повеќе активности во делот на усогласување на царинските процедури со Царините на Србија и Албанија, а секое усогласување значи и забрзување, а реализираше и повеќе активности од инфраструктурен карактер, и сите тие  имаа за цел дополнително забрзување на протокот, пред се на товарните возила, но во одредени делови и за патничките возила. И овие активности ќе продолжат и во следниот период.

Во екот на годишните одмори, кога се соочивме со огромен наплив  на патнички возила, за краток рок, во меѓусебна координација со граничните полиции и царини на двете држави, на влез во државата овозможивме непречено да функционираат 10 ленти, од кои 2 за товарни возила, една за автобуси и 7 за патнички возила, што претставува максимален број на ленти за влез на постоечката инфраструктура. Исто така, за товарните возила воспоставивме приоритетна лента за земјите од Отворен Балкан, како и за земјите од ЦЕФТА за возила со сензитивни стоки, и за стоки наменети за компании со статус на ОЕО, а отворивме и посебна брза лента за празни камиони и камиони кои превезуваат стока со европски транзитен документ NCTS, веднаш по граничната контрола, коишто повеќе не е потребно да влегуваат во граничниот царински терминал на Табановце, туку продолжуваат на автопат, кон узвозните терминали каде ќе ја спроведат постапката.

Со поддршка од ЕВН надминат е и долгогодишниот проблем со прекини на електричната енергија на преминот, кој предизвикуваше повремени падови на системите за евиденција и контрола на самиот граничен премин.

И не застануваме тука. Во координација со колегите од Царинските управи и другите гранични институции од земјите од Отворен Балкан, се работи и на дополнителни олеснувања, кои се усогласени и со ЕУ праксата, а кои верувам дека дополнително ќе придонесат за намалување на времето на чекање на преминот.

Усогласувањето на процедурите и забрзувањето на протокот на патничките возила е пред се фокус на МВР и граничната полиција. Важно е дека сите овие активности се во насока на забрзување, со крајна цел овозможување на слободното движење на стоки и патници преку границата, што всушност е една од најголемите придобивки која не очекува со влезот во ЕУ.

Тоа е уште една причина поради која ние сме силно фокусирани на исполнување на тие критериуми и на тој процес.

Започнува процесот на преговори на земјава со Европската Унија. Во тек е скрининг процесот. Г.ѓо КУТИРОВ, дали Царинската управа е скенирана и верувам дека ќе добиете голем број препораки за да бидеме компатибилни со ЕУ царината?

Кутиров: Како што веќе споменав, усогласувањето со европската пракса е императив за развојот на Царинската управа, при воведување на секоја новина во работење. Ние сме силно посветени на процесот на пристапување во ЕУ, и тоа е нотирано со ниво на висока усогласенот и во неодамнешниот извештај за напредокот на земјата.

Започнувањето на процесот на скрининг, минатата година, а пред се билатералните состаноци кои не очекуваат оваа година, се од исклучителна важност и ќе даде нов импулс во напредокот на Управа, која е носител на Поглавје 29 – Царинска унија, но е учесник и во 12 други поглавја во делот на своите надлежности.

Во моментот се подготвуваат информациите кои ќе бидат презентирани на билатералните состаноци во Брисел, почнувајќи веќе од следниот месец. Добивањето на позитивен извештај во делот на политиките од областа на Царината, е основа и услов во исполнувањето на критериумите за функционирањето на единствениот пазар на Унијата.

Дали планирате отворање на нови гранични терминали спрема соседните земји?

Кутиров: Да, работиме на повеќе проекти за реконструкција на постоечки гранични премини, а и на изградба и воспоставување на нови.

Во тек се активности за реконструкција на граничните премини на Ќафасан и Деве Баир, кои ќе се реализирaат во текот на оваа година со поддршка и обезбедени средства преку заем од Светска Банка. Исто така, планирана е и реконструкција на ГП Делчево, за што се обезбедени средства преку националната програма на ИПА, и за овој проект се завршени сите подготвителни активности, а реализацијата се очекува да заврши во 2024 година.

Во однос на изградба на нови гранични премини, планирана е изградба на нов граничен премин Маркова нога со Грција, за кој исто така се обезбедени средства преку ЕУ ИПА национална програма. Во тек е изработката на финален проект, по што ќе започне фазата на изградба.

Исто така, во моментов во тек се активности за изработка на проектна документација за изградба на нов граничен премин со Бугарија, кај Берово (Клепало). Истиот ќе се реализира преку ЕУ средства – ИПА програма за прекугранична соработка со Бугарија. Крајниот датум за реализација на овој проект е 2029 година.

Паралено, годинава ќе започнеме и со воведување на еден нов концепт на т.н. паметни граници. Во рамките на овој концепт на сите граничните премини и терминали ќе поставиме нова опрема базирана на современи технологии, која ќе може да се интегрира со тековната ИКТ инфраструктура и системи. Оваа опрема вклучува нов систем за видео надзор и препознавање на регистарските таблички на возилата (CCTV и ANPR), интегриран со читачи на кодови на документи, нови автоматизирани рампи и ваги.
Целосната имплементација на овој нов концепт на работа, во кој повеќето процеси ќе се одвиваат автоматски, ќе придонесе за намалување на потребата од човечки фактор на граничните премини и терминали, ќе го забрза протокот, ќе влијае на поефикасни контроли и ќе придонесе за намалување на сивата економија и корупцијата.
Средствата за овие нови проекти во најголем дел се обезбедени од ИПА програмите преку Делегацијата на Европската Унија во Скопје, заем од Светска Банка, други странски донатори, како и  дел од Буџетот на државата.

Европскиот начин на работа на Царината подразбира и стручен и обучен кадар. Г.ѓо КУТИРОВ, колкав е бројот на вработени во Царината и како ќе ја зајакнувате кадровската база на Царината

Кутиров: Ова едно од најзначајните прашања и предизвик со кој се соочува нашата Царинска управа, но тоа е предизвик и за Царините во светот.

Инаку, во моментот Царинската управа има вкупно 1.226 вработени. Според структурата на образование: 716 од вработените се со високо образование, 69 магистри и 3 доктори на науки, а останатиот дел со средно образование.

Царинските службеници уште во првата година посетуваат основна обука со што се стекнуваат со компетенции неопходни за самостојно извршување на работните задачи. Понатаму, во континуитет посетуваат и многу специјализирани работилници и напредни обуки во делокругот на нивната работа.

Инаку, годинава и Светската царинска организација ја посветува на промоција на  важноста од споделувањето на царинското знање и на потребата од градење на капацитети на младите и идни генерации цариници, кои треба да бидат носители на развојот и напредокот на царинската служба.

Оваа година и наш посебен приоритет, ќе бидат обуките и стручното усовршување пред се на помладите колеги, но и сите останати, кои ќе имаат за цел стекнување на знаења од сите области на царинското работење.
Притоа, посебен акцент е ставен на мотивација и грижа и за поискусните колеги, експерти во различни области од царинското работење, кои долги годиниработат на развој на Управата и ги споделуваат своите знаења и искуства во службата, држејќи обуки, советувања, презентации и.т.н.
Секако, дека ја продолжуваме и соработката со деловната заедница и стопанските комори, но и со владините институции и партнери од меѓународните организации, со кои постојано работиме на унапредување на вештините и капацитетот на вработените.
Бидејќи сметам дека движечка сила на секоја институција се вработените. Грижата и влогот во нив, нивната постојана едукација и професионалност е многу значаен како за напредокот на институцијата, така и на државата во целост.

Линк до интервјуто

12.02.2023

Интервју на директорот на Царинска управа Ѓоко Танасоски за МРТ

Пред камерите на МРТ, директорот Ѓоко Танасоски говореше на темите актуелни за Царинската управа, за новините и планираните активности, новиот закон за акцизи и пуштањето во употреба на новиот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи

24.07.2019

НАЈАВА НА НАСТАНИ 14 АПРИЛ ДЕН НА ЦАРИНСКАТА УПРАВА

По повод одбележувањето на 14 април - Денот на Царинската управа, организираме неколку настани со кои ќе одбележиме 27 година самостојна и независна Царинска Управа на Република Северна Македонија.

9 април 2019 (вторник):

Крводарителска акција на која учество ќе земат царински службеници од цела држава.

По повод 14 април – Денот на Царинската управа на Република Северна Македонија, традиционално организира Крводарителска акција под мотото „Вашата крв спасува живот – придружете ни се“ на територијата на целата држава.

Крводарителската акција ќе се одржи на 9 април 2019 година (вторник) во просториите на Царинската управа, со почеток во 9 часот (Аквариум сала).

11 април 2019 (четврток):

Со почеток од 12 часот, во Националната филхармонија ќе се одржи традиционалната Свечена церемонија. За време на свеченоста ќе се обратат Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Зоран Заев и директорот на Царинската управа г-дин Ѓоко Танасоски.

На свеченоста презентиран ќе биде новиот концепт на “Дигитална Царина” и Годишниот извештај за работата на Царинската управа во 2018 година. Изминатата година го завршивме проектот за имплементација на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи и почнавме со негова пилот примена. Придобивките од овој систем ќе бидат прикажани преку промотивно видео, а исто така, ќе се прикаже и видео за начинот на спроведување на неколку царински постапки, кои се применуваат при увозот, извозот и транзитот на стоки во и од државата. На свечената церемонија доделени ќе бидат и плакети и пофалници, на организации, поединци, царински службеници и организациони единици од Царинската управа, кои во 2018 година дадоа значаен придонес во напредокот на институцијата.

24 април 2019 (среда):

ЈАВНА КАМПАЊА „СТОП ЗА ФАЛСИФИКУВАНИ ПРОИЗВОДИ“

Како дел од активностите организирани по повод одбележувањето на 14 април - Денот на Царинската управа, спроведуваме јавна кампања „Стоп за фалсификувани производи“. На 24 април 2019 година, во поголемите трговски центри во Скопје ќе биде поставен штанд на Царинската управа, каде граѓаните ќе имаат можност да се информираат за се што се презема во борбата против фалсификатите и за тоа како најлесно може да ги препознаат фалсификуваните производи.

Царинска управа на Република Северна Македонија

07.04.2019

“Свесни сме дека е-трговците се соочуваат со администратвни пречки” – Ѓоко Танасоски, директор на Ц

Преку-граничната е-трговија е еден од главните фокус точки на ЕУ легислативите со цел регулирање и олеснување на слободно движење на добра помеѓу земјите.

Ако сакате да ги пласирате и продавате вашите производи надвор од Македонија по електронски пат тогаш ќе треба да се информирате за царинските процедури кои треба да ги следите.

Додека истражувавме за Извештајот од анализата на е-трговијата во РМ ги прашавме е-трговците кои се предизвиците со кои се соочуваат во работењето. Еден од истакнатите предизвици (комплексни административни процедури за извоз и скапа испорака) беше токму и поводот за отпочнувањето соработка со Царинската управа. Првата средба ја остваривме пред неколку месеци каде ги запознавме повеќе со нашата работа и извештајот, а веќе во јули потпишавме меморандум за соработка. Бевме пријатно изненадени од интересот, како и расположението за фокус кон е-трговијата или по “царински речник” преку-гранична е-трговија. Бидејќи постоиме да ја застапуваме индустријата, да шириме знаење и да ја подобруваме состојбата многу скоро (во септември) организираме едукативна работилница со Царинската управа со цел запознавање на сите заинтересирани со олеснетите процедури, како и за одговорање на сите отворени прашања и нејаснотии за е-трговците во поглед на царинските постапки и извоз.

Разговаравме со Директорот на Царинската управа и го прашавме некои работи кои веруваме би ги интересирале сите инволвирани.

Нина Ангеловска: Почитуван г-дин Ѓоко Танасоски, според Вас, кои се главните предизвици од аспект на Царинската управа за креирање на раст и развој на е-трговијата во земјава?

Ѓоко Танасоски: Е-трговијата претставува главен предизвик во меѓународната трговија. Некои можат да мислат дека таа претставува само друга форма на трговија, но сепак треба да се следат измените што придонесуваат за развојот на меѓународната трговија и да се обезбедат иновативни решенија за нејзино справување. Ефикасноста на царинењето и испораката на пратки со мала вредност е од суштинско значење за царинското работење. За да може Царинската управа да се справи со предизвиците на е-трговијата, потребно е да ги ангажираат сите релавантни учесници во постапката за е-трговија со цел правилно утврдување на соодветниот пристап, како од аспект на олеснувањето на трговијата и спроведување на правилна контролна постапка.

Во таа насока Царинската управа неодамна потпиша Меморандум за соработка со Асоцијацијата за електронска трговија што е потврда дека Царинската управа се води од заеднички принципи на постапување и делување, разбирање на партнерите, земајќи ги во предвид предностите и современите текови на електронската трговија што ги вклучува сите трансакции реализирани од далечина, со користење на електронски или дигитални платформи. Потписниците на Меморандумот соработката ќе ја остваруваат преку споделување на релевантни информации од областа на е-трговијата, заеднички ќе придонeсуваат за развојот на соодветни програми од областа на е-трговијата за потребите на корисниците на услугите, како и преку споделување на тековни и нови искуства, релевантни за област на дејствување и соодветната целна група.

За Царинската управа најважни карактеристики во е-трговијата се: брзината и осетливоста на времето за завршување на царинската постапка, високиот обем на мали пратки што се увезуваат преку пошта или брзи пратки, учеството на непознати играчи (во смисла на испорачатели на стоки), како и постапката на враќање на примени и неподигнати стоки.

Во е-трговијата, Царинската управа потребно е да се справи со предизвиците во следниве области: олеснување на трговијата и безбедноста на општеството, правилна и ефикасна наплата на царинските давачки и даноците и заштита на општеството од можната злоупотреба на е-трговијата за криминални активности. Во однос на олеснувањето на трговијата и заштита на општеството, најважни предизвици за Царинската управа на Република Македонија се: обезбедување на брзина и ефикасност во времето на царинење на брзите пратки во услови на зголемен обем на пратки, управување со промените што произлегуваат како резултат на промената на гломазните пратки во контејнери со голем број на мали пратки и пратки со ниска вредност, управување со ризик што произлегува од недоволното познавање на увозниците и синџирот на снабдување во е-трговијата, обезбедување на точност на податоците, како и дефинирање на улогата и одговорностите на операторите во е- трговијата.

Во однос на правилната и ефикасна наплата на царински давачки и даноци, најважни предизвици се: идентификација на злоупотреби при користење на правото на „минимална вредност“ заради целите на нелегална трговија (поделба на пратките на повеќе делови или пониско пријавување на вредноста), почитување на правилата за распоредување на стоките во Царинската тарифа и правилата за потекло на стоките и интеграција на е-трговијата наспроти традиционалната трговија.

Трета област на предизвици што се однесува на заштита на општеството од можната злоупотреба на е-трговијата за криминални активности ги опфаќа:создавањето на специјални организациони единици во Царинската управа што треба да вршат пребарување низ интернет, заради спречување, откривање, истражување и казннување на можни злоупотреби во е-трговијата (шверцување на дрога, фалсификувани и пиратски стоки, откривање на нелегални финансиски текови поврзани со перење на пари, обезбедување на меѓународна соработка и потврда дека договорите за меѓусебна соработка заради откривање и казнување на интернет страни што се хостирани надвор од царинското подрачје на Република Македонија и максимална употреба на постоечката технологија, особено оние поврзани со анализата на податоци.

НА: Моменталните процедури за купувачот кога нарачува нешто онлајн од друга земја со вредност над 22 евра и над 45 евра се прилично комплицирани. Дали се планираат промени во овој дел во насока на симплифицирање и дополнително дали се планира зголемување на прагот на вредноста на стоките кои се испратени од странство кои ќе бидат ослободени од плаќање ДДВ и царина?

ЃТ: Начелно, при пристигнување на поштенските пратки на царинското подрачје на Република Македонија, согласно одредбите на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон под надзор на царински службеник се врши издвојување на пратките кои се пуштаат во слободен промет без обврска за поднесување на царинска декларација и тоа:
– поштенски картички и писма кои содржат само лични пораки,
– писма пишувани со Браилово писмо,
– печатен материјал кој не подлежи на плаќање на увозни давачки и
– сите други пратки од некомерцијална природа увозни давачки, а кои содржат ситни подароци, рекламен материјал, ситни мостри и слично, освен пратките кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун. кои се испраќаат со писмо или со поштенски пакет од незначителна вредност, со вкупна вредност до 22 ЕУР во денарска противвредност, под услов да не постои обврска за плаќање.

Согласно член 1 став 3) од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон и член 2 став 1) точка д) од Уредбата за поблиските критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки, како пратки од некомерцијална природа се сметаат оние пратки кои се испратени од едно на друго физичко лице, повремено се увезуваат и нивниот вид и количина укажува дека се наменети за приватна, лична и семејна употреба на примачот или која очигледно е наменета за подарок.Овие пратки се ослободени од плаќање на царински давачки и ДДВ до вредност од 45 ЕУР.

Согласно член 87 од Уредбата за спроведување на царинскиот закон е предвидено дека прилагодување на декларираната вредност нема да биде направено во поглед на трошоците при утврдување на вредноста на пратките од некомерцијална природа, што значи дека за стока од некомеријална природа, транспортните трошоци не се засметуваат во царинската вредност на стоката.

Пратките кои не подлежат на давачки согласно став 3 од членот 144 од Уредбата за спроведување на Царинскиот закон се смета дека се ставени на увид на царинскиот орган во смисла на член 73 од Царинскиот закон, дека царинската декларација е прифатена и дека е одобрено пуштање на стоката, во моментот кога стоката е испорачана до примачот. Овие пратки, после извршената контрола од страна на царинскиот орган во изменичната пошта можат да се пуштат во слободен промет без царински формалности.

Овие правила и прагови, особено во делот на ослободување од плаќање на ДДВ се целосно усогласени со Директивите за ДДВ на Европската Унија и Република Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ и во согласност со Националната програма за усвојување на правото на ЕУ е должна да ги применува во целост и да се усогласува со нив.

НА: Многу често коментарите на е-купувачите се дека толкувањата за вредноста на стоките купени за лична употреба во отсуство на прикажана фактурна вредност (а понекогаш и кога ја има) се субјективни и зависат од случај до случај. Дали планирате промени во овој дел со цел зголемување на транспарентноста и довербата кај купувачите кои прават нарачки од странски веб сајтови?

ЃТ: Сите поштенски пратки кои содржат стока, а кои се испратени од странство од страна на правни лица, како и сите пратки кои се предмет на купопродажба, подлежат на пресметка на царински давачки и ДДВ, независно дали служат за лична употреба на примачот. При тоа од плаќање на царински давачки се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 45 ЕУР, а од плаќање ДДВ се ослободуваат пратките чија што вредност не надминува 22 ЕУР, што значи дека за пратките со вредност до 45 ЕУР се плаќа само ДДВ.

Во постапката на царинење на стоката во поштенските пратки, независно дали се спроведува на поштенско царинска декларација или единствена царинска декларација (ЕЦД), се утврдува царински долг што треба да се плати. Царинскиот долг го сочинуваат царината и ДДВ и евентуално други пропишани давачки во зависност од видот на стоката. Пропишаната царинска стапка се пресметува на царинската вредност на стоката. Царинската вредност на стоката ја сочинува трансакциската вредност, односно стварно платената цена на стоката или цената која што треба да се плати, прилагодена за дополнителните трошоци кои се настанати до пристигнувањето на стката на царинското подрачје на Република Македонија. По правило во царинската вредност на стоката испратена по пошта влегуваат трошоците за поштарина кои настануваат надвор од царинското подрачје на Република Македонија. Трошоците за поштарина не влегуваат во царинската вредност на стоката која по пошта ги испраќа едно физичко лице на друго, освен кога се работи за стока превезена со брза пошта позната како ЕМС. Во царинската вредност, исто така, не се вклучуваат и евентуалните дополнителни трошоци кои настануваат во Репубика Македонија, а кои ги наплаќа поштата.

Даночната основица ја сочинува износот на царинската вредност зголемена за износот на пресметаната царина.

Основен документ за утврдување на царинската вредност претставува фактурата, односно сметката. Доколку кон поштенската пратка не е приложена фактура или сметка, царинскиот службеник ќе го повика примачот на стоката да достави докази за вредноста на стоката. Доколку примачот на пратката не достави никакви податоци за вредноста на стоката, царинскиот службеник ја пресметува царинската вредност согласно одредбите од членовите 29 до 34 од Царинскиот закон.

Сакам да нагласам дека во овој сегмент преку соработката со АЕТМ предвидуваме повеќе начини за зголемување на соработката и транспаретноста во поглед на подигање на свеста на учесниците во е-трговијата за начините на утврдување на царинската вредност и елемнтите што ја сочинуваат царинската вредност.

НА: Во извештајот на анализата на е-трговијата во Македонија, кој го објави АЕТМ, како дел од предизвиците на е-трговците кои продаваат на странски пазари посочени се комплицираните административни пречки и царинските процедури за извоз. Какви се плановите на Царинската управа за олеснување на овие процедури?

ЃТ: Царинската управа има големо значење во спроведувањето на политиките на Владата и реализација на целите за национален развој. Таа често е првиот прозорец преку кој надворешниот свет ја гледа земјата, затоа без добро обучена и ефикасна Царинска управа, не можат во целост да се остварат целите во поглед на заштита на општеството од голем број интернационални, економски и безбедносни закани. Од неодамна, од Царинската управа, како и од многу други царински администрации ширум светот, беше побарано да ја преземе улогата на олеснувач на трговијата. За исполнување на оваа улога Царинската управа треба да усвои конкретни практики што треба да овозможат олеснување на трговијата и подобрување на царинските постапки. Овие подобрени практики, исто така, се усвоени од други земји и се развиени во рамките на Светската царинска организација (СЦО) и Светската трговска организација (СТО).

Сите се согласуваме дека е важно деловната заедница да биде информирана за спроведувањето на реформите за олеснување на трговијата, опфатени во Спогодбата на Светската трговска организација за олеснување на трговијата и утврдувањето на минималните барања што треба да се спроведат за да се зголеми ефикасноста на прекуграничните постапки.

Свесни сме дека е-трговците се соочуваат со администратвни пречки. Следејќи ги препораките од Извештајотна АЕТМ, а во насока на олеснување на работата на е- трговците, Царинската управа го промовира концептот на локално царинење при извоз со употреба на поедноставени постапки. Со употребата на овие поедноставени царински постапки, е-трговците ќе можат секојдневно 24/7 да вршат испорака на нивните пратки во странство само со комерцијална фактура, а царинска декларација да поднесуваат еднаш на секои 10 или 15 дена. На овој начин преку значително намалување на трошоците за извоз ќе можат да вршат и поврат на ДДВ со што значително ќе им се олеснат условите за работа. Во соработка со АЕТМ планирано е во месец септември да се организира работилница со сите е-трговци со цел да бидат запознаени со овие поволности.

НА: Минатиот месец Светската Царинска Организација (WCO) објави Рамка на стандарди за преку-гранична е-трговија. Кои од овие стандарди сметате дека се клучни и дали се планира имплементација на истите во Македонија?

ЃТ: Растечкиот тренд во прекуграничната трговија обезбедува огромни можности за глобалната економија, со што се создаваат нови услови за раст, развој на нови трговски текови, нови трендови во потрошувачката и создавање на нови работни места. Овој огромен раст го револуционаризира начинот на кој потрошувачите и купувачите ги рекламираат, продаваат и купуваат стоките, нудејќи пошироки можности за избор, плаќање и начини на испорака. Со е-трговијата се отвораат нови економски можности за микро, малите и средните претпријатија во услови на поширок пристап кон странските пазари.

Недостатокот на глобални стандарди за ефикасно управување со прекуграничната е-трговија имаше влијание на олеснувањето на трговијата, сигурноста и безбедноста, како и почитувањето на законските прописи. Од таа причина, неопходно беше усвојувањето на овие глобални стандарди што треба да бидат клучна алатка во поставуувањето на новите канали на трговијата како главна машина за глобалниот економски раст.

Царинската управа на Република Македонија во рамки на плановите за воведување на новиот систем за обработка на царински декларации што треба да се применува од наредната година, планира широко воведување на овие глобални стандарди на Светската царинска организација. Ова пред се ќе се однесува на можноста за безхартиено царинско работење, воведување на информации пред пристигнување на стоката и претходно утврдување на висината на царинските давачки. Во однос на стандардот за јавно информирање, како што споменав и претходно во месец септември со АЕТМ планираме организирање на едукативен настан со цел пошироко запознавање на е-трговците со поедноставувањата во царинската постапка.

Глобалната рамка на стандарди треба да биде од голема помош за владите, особено за царинските управи, приватниот сектор и другите учесници во е-трговијата во исполнувањето на нивните индивидуални цели и приоритети.

НА: За крај, каква е ситуацијата со легислативата во ЕУ во контекст на преку-гранична е- трговија, кои се лоцираните предизвици и кои се промените кои се предлагаат?

ЃТ: Законодавство на ЕУ во најголема мерка е насочено кон олеснување и дигитализација на прекуграничната е-трговија. Тоа пред се, овозможува царинските органи да имаат увид во сите податоци што се однесуваат на пратките пред нивното пристигнување на Царина во поглед на видот на стоката, количината, вредноста, името на испраќачот и името на примачот на стоката. На овој начин преку користење на алатката за управување со ризик и информации пред престигнување царинскиот орган уште пред да пристигне пратката го информира превозникот – поштата или курирскиот превозник, кои пратки се ослободени од плаќање на царина и давачки, кои пратки треба да се прегледаат, а кои треба да бидат предмет на физичка контрола. Ваквиот начин на царинење овозможува значително забрзување и скратување на времето за царинење на брзите пратки и намалување на трошоците.

Царинската управа од мај оваа година почна да применува ваков начин на царинење за брзите пратки што пристигаат на аеродром преку брзите пошти и ваквиот начин на царинење во изминативе месеци покажа мошне солидни резултати во поглед на времето и трошоците за царинење на брзите пратки. Следна фаза претставува воведување на електронско плаќање на царина и воведување на ваквиот начин на царинење во поштенскиот сообраќај.

Царинската управа на Република Македонија и понатаму ќе продолжи да го поддржува растот на е-трговијата придонесувајќи за екомомскиот развој и иновациите, преку обезбедување на поедноставено царинско опкружување што треба да придонесе за успех и одржливост на е-трговијата. Ова ќе го постигнеме преку хармонизација со европските процеси за царинење на пратки со мала вредност.

29.08.2018

Ѓоко Танасоски: Позитивните промени на Царинската управа исклучиво во улога на сервис на граѓаните

Царинската управа на Република Македонија, во изминатиот период реализира заначајни активности за подобрување на деловниот амбиент во земјата. Со првиот човек на Царинската управа, Ѓоко Танасоски, разговараме на повеќе теми од значање за стопанството, измените на Царинскиот закон што стапија во сила и намалување на глобата за 75% во просек, како и за заложбите за позитивни промени на управата, исклучиво во улога на сервис на граѓаните и општеството, ексклузивно за Економист.мк.

На чело сте на една од назначајните економски институции за секоја национална економија. Кои се според Вас клучните активности кои Управата ги реализирала до сега?

Танасоски: Стратешка определба на Царинската управа е заштита на финансиските интереси на Република Македонија, преку наплата на царина, ДДВ и акциза, воспоставување на ефективна царинска контрола и одржување на рамнотежа помеѓу интересите на деловната заедница и одговорностите за царинска контрола, со цел да се обезбеди поддршка на легалната трговија и подобрена наплата на давачки.

Во периодот јануари-јули 2018 година износот на вкупно наплатените буџетски приходи при увоз и внатрешен промет изнесуваaт 48.572 милиони денари и се за 11,9% повисоки во однос на истиот период во 2017 година кога се наплатени 43.381 милиони денари.

Во евра вкупно се наплатени 790 милиони евра за првите седум месеци од 2018 година, во споредба со 2017 година кога се наплатени 705 милиони евра, односно за 85 милиони евра повеќе.

Од вкупно наплатените нето приходи по основ на царински давачкиво јануари-јули 2018 година се наплатени вкупно 3.250 милиони денари. Овој износ е за 11% повисокво однос на наплатените приходи по основ на царина во истиот период 2017 година, кога се наплатени вкупно 2.926,2милиони денари.

Наплатените приходи по основ на ДДВпри увоз во јануари-јули 2018 година изнесуваат 29.152,6милиони денари и се за 12,5% повеќе во однос во истиот период во 2017 година кога се наплатени 25.890,8милиони денари.

Приходите од увоз од наплатената акцизаво јануари-јули 2018 година се зголемени за 17,6 %при што се наплатени 1.102 милиони денари повеќе во однос на истиот период во 2017 година.

Покрај успешно завршените проекти реализирани со поддршка на ИПА Програмата, а тоа се надградба на објектите за царинење на граничниот премин за патен промет Табановце (проширен царински терминал, изградба на две коловозни ленти на граничниот премин за излез од Македонија, со изградени придружни објекти, што допринесува за олеснет проток и побрзо спроведување на царинските постапки) и опремување на царинската лабораторија со цел подобрување на нејзиниот капацитет за анализа на мостри земени во царинска постапка, воведовме и можност за 24 часовен слободен коридор за приоритетно движење на жива стока и стока во свежа состојба при излез на граничните премини Табановце и Богородица, со цел избегнување на подолги задржувања на патници и стока.

Работиме и на промоција на придобивките од концептот Овластен економски оператор (ОЕО). Ова е од огромно значење за компаниите, бидејќи статусот на ОЕО е меѓународно признаена марка за квалитет, која укажува на тоа дека економските оператори во Република Македонија (производители, извозници, увозници, шпедитери, транспортери) во меѓународниот синџир на снабдување се безбедни и сигурни и дека нивните царински контроли и процедури се ефикасни и усогласени.

Во таа насока, со активностите кои ги преземаме, очекуваме да оствариме целосна усогласеност на националното законодавство со законодавството на ЕУ, со што ќе придонесеме за интеграција во ЕУ, ќе ја зајакнеме положбата на Република Македонија во меѓународната заедница и соработката врз основа на меѓународните договори.

Во јуни 2018 година воспоставивме нов електронски систем за царинење на употребувани моторни возила, со што се елиминира човечкиот фактор преку избор на пониска или повисока вредност во зависност од видот на возилото, бензин или дизел. Оваа мерка покрај тоа што е антикоруптивна, придонесува и за зголемување на ефективноста при завршување на царинската постапка.

Значаен придонес во олеснувањето на работењето има и подобрувањето на системот за управување со ризик при увоз (насочени контроли), односно подобри резултати со помалку извршени контроли. Иако изгледа контрадикторно, со помал број на извршени физички и документарни контроли на стока во царинска постапка наплаќаме повеќе давачки:

- За јуни бројот на декларации на кои се врши физички преглед на стоката е намален на помалку од 6% (само за споредба 25% пред 3 години), без да се намалат резултатите од направените контроли.

- Подобрен систем за управување со ризици и обезбедување ефективни и ефикасни контроли (во изминатиот квартал на граничните премини откриени се обиди за избегнување на давачки во висина од 1.440.427 денари, додека вкупната вредност на запленета стока по разни основи изнесува 5.001.720,00 денари).

- Бројот на откриени неправилности е зголемен за 14% (во вториот квартал на 2018 во однос на првиот квартал 2018).

Каква е вашата соработка со компаниите?

Танасоски:Сите се согласуваме дека е важно деловната заедница да биде информирана за спроведувањето на реформите за олеснување на трговијата, опфатени во Спогодбата на Светската трговска организација за олеснување на трговијата и утврдувањето на минималните барања што треба да се спроведат за да се зголеми ефикасноста на прекуграничните постапки.

Тука организирано делуваме преку Националниот комитет за олеснување на трговијата и Советодавното тело коевклучува бројни стопански комори. Се практикуваат и работилници со економски оператори и редовни средби како „отворен ден“ што редовно се свикуваат за разгледување и превентивно делување на евентуални проблеми.

Во рамките на летната програма веќе посетив неколку големи компании извозници, а планирам да посетам што е можно повеќе компании со цел подобро запознавање со работата на македонските компании.

Во областа на акцизи беа организирани серија состаноци. Одделно остваривме средби со производителите на тутунски производи, увозниците и производителите на алхохолни пијалоци, енергетските компании и производителите од индустријата за производство на пиво. Беа презентирани новите одредби од Предлог законот за акцизи и беа добиени забелешки, од кои еден дел веднаш беа имплементирани, а дел ќе се имплементираат во периодот што следи, преку донесување на правилници, насоки и упатства.

За акцизите, вон претходно споментатите состаноци, во рамки на активностите на посебна работна група која опфаќа претставници и од Царинската управа и од Министерството за финансии, а во соработка со подрачните единици на Министерството за земјоделство, во повеќе региони на државата одржани беа средби со земјоделците и потенцијалните мали производители на алкохолни пијалоци на кои се презентираа законските одредби што се однесуваат на мали производители на алкохолни пијалоци. И оттука произлегоа забелешки кои беа разгледани, прифатени и имплементирани за задоволување на нивните барања.

Важно е исто да споменеме дека царинските застапници и поголемите компании се вклучени во тестирање на новиот Систем за обработка на царински декларации и акцизни документи.

Што може да очекува бизнис заедницата во периодот што следи?

Танасоски:Царинската управа има големо значење во спроведувањето на политиките наВладатаи реализација на целите за национален развој. Таа често е првиот прозорецпреку кој надворешниот свет ја гледа земјата и затоа без добро обучена и ефикасна Царинска управа, не можат во целост да се остварат целите во поглед на заштита на општеството одголем број интернационални, економски и безбедносни закани.

Од неодамна, од Царинската управа, како и од многу други царински администрации ширум светот, беше побарано да ја преземе улогата на олеснувач на трговијата. За исполнување на оваа улога Царинската управа треба да усвои конкретни практики што треба да овозможат олеснување на трговијата и подобрување на царинските постапки. Овие подобрени практики, исто така, се усвоени од други земји и се развиени во рамките на Светската царинска организација (СЦО) и Светската трговска организација (СТО).

Современата Царина во економски поглед, претставува регулатор за заштита на домашното стопанство и услов за понатамошен развој на земјата. Освен што претставува значаен инструмент за заштита и развој на домашната економија, претставува и значаен извор на приходи во буџетот на државата. За да може да придонесе за целосна заштита и развој, Царинската управа постојано се стреми да се менува, дополнува и усовршува. Во континуитет се бараат и се воспоставуваат современи меѓународни решенија кои ги предвидуваат развиените земји, како и решенија кои се применуваат во меѓународните организации (ЕУ,СЦО,СТО и др.).

Во денешно време на брз развој на технологијата од големо значење е и користењето на најсовремена техника, технологија и компјутеризирано работење. Затоа, Царинската управа работи на дигитализирање на своето работење, односно се стреми да прерасне во Дигитална царина. Поимот на Дигитална царина претставува употреба на дигитални системи за собирање на царинските и увозните давачки, контрола на движењето на стоките, патниците, контрола на парите, како и заштита од прекуграничен криминал, вклучувајќи ја борбата против меѓународниот тероризам кој преставува глобална закана за целиот свет.

Најзначен чекор кој во блиска иднина ќе придонесе за речиси целосна дигитализација на царинското работење е воведувањето на Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД). Со овој систем треба да се поврзат сите постоечки дигитални системи во една интегрална целина и да се воведе електронска царинска декларација за сите царински постапки во увозот и извозот, како и електронско поднесување и обработка на акцизни документи. Исто така, со СОЦДАД ќе се обезбедат намалени трошоци за трговските трансакции, олеснето спроведување на договорите за слободна трговија, подобро управување и контрола. Ова меѓу другото ќе резултира и во поуспешна наплата на приходи, порационално искористување на ресурсите и поефикасна меѓународна трговска размена во која трговците електронски ќе разменуваат информации со Царината и останатите агенции учесници во царинската постапка.

Покрај ова, со поддршка од информатичка и комуникациска технологија, ќе се одржуваат постојните и ќе се воведуваат нови можности за олеснување и забрзување на царинските постапки и условите за нивно спроведување.

Често имаше поплаки од компаниите дека за банални прекршоци плаќаат големи казни. Направени ли се измени на ова поле?

Танасоски: Компаниите преку стопанските комори во повеќе наврати се жалеа дека царинските казни се високи и нереални и бараа нивно драстично намалување. Оти, казнената политика е така скроена да поттикнува корупција, укажуваа и бизнисмените. На ова се надоврзува податокот објавен во извештајот на Стопанската комора на Македонија, по анкетата за царинските и даночните формалности, спроведена од 27 март до 4 април годинава, дека во 2008 биле наплатени глоби за царински прекршоци во износ од 950 илјади евра а во 2016 дури 1,3 милиони евра.

Со измените на Царинскиот закон што стапија во сила од 11.08 оваа годинасевршинамалувањенаглобатаод 250 на 50 евразаправнолицеиод 50на 15 евразафизичколице.

Во врска со ова сакам да потврдам дека не станува збор за популизам, туку глобите за царинските прекршоци за кои е предвиден мандатен платен налог, односно за оние што можат да се платат на лицеместо се намалени за 75% во просек. Знам дека и како луѓе и како општество кое изминатите десет години беше буквално малтретирано со голиот популизам на еден висококорумпиран режим, најпрво реагираме со резерва и недоверба дури и на секоја позитивна промена. Но, во текот на целата измината година ние како Царинска управа на Република Македониjа, вложуваме максимални напори да ја смениме оваа негативна перцепција и да се заложиме за позитивни промени исклучиво во улога на сервис на граѓаните и општеството.

Не се намалија глобите за тешките прекршоци, туку за ситните грешки. За оние кои се случуваат во секојдневното работење на компаниите и шпедициите, каде нема намера за затајување. Во условната поделба на царинските прекршоци на тешки и лесни, кај оние 40-тина кои се водат како лесни, сега направивме градација во 4 групи. За најлесните, од типот на непријавена скината пломба, пропуштен рок или неуредна евиденција, наместо досегашните глоби од 250 евра за правно лице, 75 евра за одговорното лице во правното лице и 50 евра за физичко лице, сега компанијата плаќа 50 евра, одговорното лице 15 евра и физичкото лице 15 евра. Ова се прекршоци кои не предизвикуваат фискални ефекти, а со старата казнена политика за нив фирмите беа безмислосно глобени. По ново, само за овие глоби останува мандатниот платен налог, зашто нема што да се спори, и глобата треба да се плати во рок од 8 дена. Доколку, пак, фирмата направи грешка во тарифниот број или во потеклото на стоката кога ја пополнува царинската декларација, односно за неправилности кои имаат фискален ефект тогаш следи прекршочен платен налог. Ако го плати во рок од 8 дена, износот на глобата се преполовува, а ако смета дека не го сторил делото, фирмата може да поведе прекршочна постапка пред Комисија во Царината. Таму и двете страни, и фирмата и царината кажуваат аргументи. Ако фирмата е незадоволна и од овој исход, може да побара заштита од Управен суд. Ова е сосем поинаков приод, зашто досега сите овие прекршоци беа подведувани под мандатни казни, за кои немаше можност за натамошни жалби.

Измамите, криумчарењето и неплаќањето царина и натаму остануваат кривични дела. Целта на измените е подобрување на легислативата во насока на создавање правична и пропорционална примена на прекршочните одредби, соодветно на тежината на сторениот прекршок.

Какви се плановите и очекувањата на Царинската управа за 2018 година?

Танасоски:Плановите и очекувањата на Царинската управа се наведени во Стратегијата на Царинската управа за 2018-2020 година, каде имаме поставено цел дека Царинската управа треба да биде водечка царинска администрација во регионот што ќе дава силна поддршка на законската економија и која ќе биде целосно усогласена со стандардите на Европската унија. Нашата мисија е да ги заштитиме финансиските интереси и општеството, истовремено поддржувајќи го економскиот развој преку соработка, олеснување и модернизација.

Стратешките приоритети на ЦУРМ се во согласност со стратешките приоритети на Владата на Република Македонија и Министерството за финансии. Традиционално, најзначајна улога на Царинската управа е наплатата на увозни и други давачки и даноци. Подеднакво важна и растечка е улогата на царината во областа на безбедноста и сигурноста. Заштитата на здравјето и безбедноста на граѓаните и општеството останува висока на дневен ред. Царинската управа е на прва линија на одбрана против нелегални и забранети активности и таа и натаму ќе остане посветена на својата поширока општествена цел - обезбедување на одржлив економски раст преку зголемување на конкурентноста и инвестициите, подобрување на деловното опкружување и создавање еднакви можности за економски раст и развој на сите учесници во економските процеси. Ова ќе биде поддржано преку олеснување, едноставни и транспарентни процедури и во тесна соработка со бизнисот и трговијата.

Царинската управа е свесна дека подеднакво важни за постигнување на визијата е и модернизацијата на администрацијата која вклучува развој на ИТ и човечки ресурси, подобрување на условите за работа и одржување на високи стандарди за интегритет на своите вработени.Целите и мерките за спроведување на стратегијата се вградени во следните четири стратешки приоритети: олеснување на трговијата, заштита на општеството, наплата на приходи и заштита на финансиските интереси, како и модернизација на Царинската управа.

Во текот на 2018 година очекувам да продолжат активностите за модернизирање и подобрување на царинското работење, преку понатамошно забрзување и поедноставување на царинските постапките, намалување на времето потребно за извршување на царинските формалности, како во патничкиот, така и во стоковиот промет. Исто така, убеден сум дека ќе продолжи трендот на продлабочување и зајакнување на соработката со деловната заедница. Во секој случај, најголем предизвик ќе биде почетокот на преговорите за членство во Европската Унија, преку скрининг процесот, каде Царинската управа покрај поглавјето Царинска унија, ќе има важна улога во повеќе други поглавја, како што се правда и внатрешни работи, слободно движење на стоки, оданочување, заштита на права од интелектуална сопственост.

28.08.2018

Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа - Не сум избркал никого, сами си заминаа

Претходната влада има печат на коруптивна. Царината, во такви услови, е лост во криминалните дејства насочени кон лично богатење за сметка на буџетот. Што откривте откако сте директор? Што со перцепцијата на Царината како една од најкорумпираните институции?

Кога дојдов за директор, веднаш почна изборниот циклус за локалните избори и во согласност со мислењето на Државната комисија за спречување корупција, во Царинската управа не можеше да се вршат никакви измени ни по вертикала ни по хоризонтала. Следуваше период од три месеци кога со само две кадровски смени се чувствувавме осамени во борбата и санирањето на она што го наследивме. За перцепцијата дека Царината е меѓу најкорумпираните институции во државата, драго ми е што во период од една година веќе е изменета. Сметам дека има генерализирање кога се говори за корумпираност. Има поединечни случаи кои ја даваат сликата дека во Царината се случуваат големи коруптивни процеси, тие поединци треба да бидат санкционирани, доколку има докази и се констатирани злоупотреби на службена должност. Откако сум јас директор, има два случаи за кои има актуелни истраги и кои ќе бидат процесирани доколку се најдат конкретни докази, бидејќи никој не одговара за инсинуација, перцепција или за нешто што мислиме дека е направено, туку врз основа на она што може да се докаже. За жал, во голем број случаи во Царината било работено со директни закани а луѓето што биле уценувани излегувале во пресрет на тогашната владејачка гарнитура, што реално е тешко или во голем број на случаи невозможно да се докаже. Откако дојдов во Царина, голем број стопанственици се пожалија дека биле уценувани и дека имало форми на притисок кои им нанеле и одредени штети во работењето, но ниедна од тие компании и физички лица не беа подготвени да излезат и да сведочат бидејќи едноставно немаат докази за евентуална постапка.

Иако изборниот процес и законските ограничувања го одложија за шест месеци екипирањето на раководниот тим, сега Царината има насоки за работење во интерес на стопанството и за заштита на државата. Царината учествува со 43 отсто во приходите на буџетот и реално државата зависи од успешноста на остварувањето на оваа основна функција. Второ, Царината функционира и како контролен механизам за заштита на здравјето на луѓето, на околината и на општеството во целина. Со зголемување на оперативниот и административниот капацитет Царинската управа може да достигне ниво на водечка царинска управа во регионот и со тоа да бидеме лидер во пристапните преговори за ЕУ, кои ќе почнат. Главен предизвик со кој во моментов е соочена Царинската управа е воведувањето на бесхартиеното царинење. Кога дојдов, начекав застанат процес на изработка на новиот систем за обработка на царинските декларации и акцизни документи, кој најверојатно беше свесно кочен и оспоруван а неговата имплементација беше пролонгирана од две на пет години. Системот е сега во финална фаза.

Зошто бил свесно кочен?

Се воведувањето на новиот систем се овозможува комплетната контрола на сѐ што излегува и влегува на цела територија на државата и многу тешко ќе биде да се прави злоупотреба на одредени процеси во работењето на Царинската управа. Почнавме со тестирање на системот, вклучени се и економските оператори и се надевам дека до крајот на годината ќе заврши и ќе зборуваме за почетна имплементација. Тој ќе овозможи олеснување на трговијата, како и на функционирањето на Царината и на економските оператори. И досега Царинската управа имаше одредена дигитализација, но она што следува е комплетно изоставување на хартијата како доказ во царинската постапка.

За да се обезбедат бизнисите на заштитени поединци, во Царината работеа неидентификуван број лица кои имаа директни релации со претходната власт. Колку затекнавте, а колку сега има вработени во Царинската управа? Точно ли е дека колегиумот, во кој седат раководители на сектори, е речиси целосно нов?

Бројката на вработени нема драстична промена. Одредени лица кои беа поврзувани со претходната власт, по моето доаѓање, си заминаа од Царинската управа. Се работи за неколку лица.

Ги избркавте?

Немам никого избркано поради одредени наводни врски со претходната гарнитура или претходната власт. Јас наследив раководен тим кој бараше комплетна промена и во тој контекст би потврдил дека колегиумот и раководните лица околу мене се комплетно променети. Нормално е по 10 години систем што продуцира притисок и корупција да дојде до промена на тимот и да дојдат лица кои сакаат да ги исправат работите и да ја вратат Царинската управа на ниво на водечка во регионот, која ќе одговори на модерните предизвици, место што го имаше пред 10 години. Неопходни беа одредени смени на раководни лица, од кои дел си заминаа, по сопствено барање. Во минатите години имаше пензионирања што не беа надоместени со нови вработувања. Дали тоа било правено свесно или несвесно, не би сакал да коментирам. Но потребно е подобрување на административните и оперативните капацитети на Царината со свежи и способни кадри, и тоа ќе се случи во текот на оваа и наредната година.

Може ли Царината да се професионализира?

Институција клучна за функционирање на државата мора да функционира професионално, а партиските влијанија или другите интереси треба да бидат исклучени. Сметам дека во моментов Царината во голем дел е професионализирана. Во изминатите години имаше злоупотреби преку промена на надлежностите на одредени одделенија и сектори. Затоа велам дека она што ќе го наметнеме како тим за функционирање на Царинската управа е враќање на довербата во нејзината работа. Тоа ќе значи враќање на довербата на економските оператори во државата, затоа што ние сме тој експонент кој треба да му овозможи на стопанството да функционира без притисок. Претстои напорна работа во рекомпонирање на Царинската управа за да биде подготвена за она што не очекува: нов систем, отвораме гранични премини (Табановце, Ќафасан) кои ќе бидат „уан стоп шоп“ и истовремено не очекуваат преговори со ЕУ, во кои поглавјето 29 е едно од првите што ќе биде отворено и едно од главните што ќе има влијание врз работењето на економските оператори во државата.

Почнавте со електронско царинење на старите возила. Ако лани беа увезени 23.000 употребувани возила, значи по толку лица годишно се засегнати од оваа мерка. Има ли поплаки?

Новиот начин на царинење овозможува целосна дигитализација на постапката и елиминирање на човечкиот фактор преку избор на пониска или повисока вредност во зависност од видот на возилото, бензин или дизел. Во голем дел од извештаите и контактите со бизнис-заедницата и физичките лица имаше реакции за голем субјективизам во одредувањето на цената за царинење на употребуваните возила. Оваа мерка беше воведена како антикоруптивна, за избегнување на субјективизмот и од друга страна за зголемување на ефективноста при завршување на царинската постапка. За две недели се царинети 970 употребувани возила, поплаки нема.

Најавеното заменување на акцизата со специјален данок за возилата беше протолкувано како зголемување на актуелните давачки за возилата. Ќе возиме ли поскапи возила од 2019 година и дали со возилата ќе биде како со цигарите – постепено зголемување на давачките?

Законот за акцизи е во нацрт-верзија и наскоро ќе биде на ЕНЕР. Се носи во рамки на приспособувањето на македонското законодавство со она на ЕУ. Таму возилата не се акцизна стока и затоа се работи на закон за посебна давачка за автомобилите. За законот има консултации со економските оператори и институциите. Определување на цената на употребувано возило ќе се врши врз основа на амортизацијата и на влијанието врз животната средина преку емисијата на ЦО2. Ова би се однесувало на употребуваните возила. Ова е чекор што го преземаме како држава за намалување на влијанието врз животната средина. За наводно зголемување на цената, би напоменал дека на почетокот на спроведување на овој закон нема да дојде до зголемување на цените на употребуваните возила, туку до промена на структурата на формирање на нивната цена. Евентуални зголемувања на давачките за царинење на употребувани возила би имале силен социјален ефект, бидејќи знаеме која е и структурата на возилата и на можностите на населението да купува нови или употребувани возила. Сметам дека одредени зголемувања на давачките ќе одат постепено и со голема внимателност и ништо нема да биде преземено без претходни анализи. Шпекулациите дека ќе дојде до зголемување на цените на употребуваните возила се преуранети и неаргументирани. И за новите возила ќе има специјален данок, но нема да се пресметува на овој начин, и истовремено ќе се води сметка за еколошкиот аспект.

Една од забелешките за Царината е дека има слаба координација со инспекциските служби на граничните премини. Ја слушате ли бизнис-заедницата?

Забелешката се однесува на нетарифни мерки кои се пропишани од други институции, а треба да се менаџираат преку Ексим-системот на Царинската управа. Стапивме во контакт со сите институции кои имаат надлежности на граничната линија и издават различни видови лиценци, дозволи и одобренија. Преку националниот комитет за олеснување на трговијата што веќе почна да функционира, преземени се иницијативи за олеснување на процедурата за добивање на одредени одобренија и лиценци, односно тие кои нема потреба да се издаваат на самата граница да бидат пренесени во внатрешноста, со што ќе се влијае на намалување на застојот кој се јавува на самата гранична линија и ќе дојде до значително олеснување на работата на економските оператори. Од друга страна, почна процес на ажурирање кои ќе бидат потребни дозволи, одобренија, лиценци кои што ќе ги бара царинскиот систем. Ќе се спроведе еден вид гилотина со која ќе се обидеме да го сведеме на минимум од една страна потребата за лиценци, дозволи и одобренија за одредени тарифни ознаки а од друга страна да бидеме усогласени со она што е неопходно и пропишано во ЕУ и она што значи контрола од другите институции. Треба да внимаваме и дека сите овие институции имаат контролен механизам преку издавањето на тие лиценци, дозволи и одобренија. Очекуваме дека многу брзо ќе се имплементира, од есен.

Компаниите ги сфаќаат царинските глоби како категорија што зависи од волјата на власта, а не од почитувањето закон. Оти не се менувало толку однесувањето на компаниите колку што варираат глобите за царински прекршоци – во 2008 изнесувале 950.000 евра, во 2013 – 770.000 евра, а во 2016 – 1,3 милион евра...

Точно е за глобите, дека во минатиот период беа користени за притисок врз компании и физички лица. Сега политиката на определување на глоби се менува. Во процедура e преполовување на глобите и ќе се направи групирање на царинските прекршоци: од потешка природа и оние направени ненамерно или несвесно при поднесување документи за царинска постапка. Доколку се утврди дека грешката во документ или постапка е направена ненамерно, да се изрече опомена, да не се оди со глоби. Тоа ќе се направи со воведување на прекршочен платен налог кој овозможува двостепеност на постапката. Ова досега не беше можно, свесно беше направено од претходната гарнитура преку казни и глоби да дојде до полнење на буџетот, што резултираше со притисок врз економскиот оператор, голем страв и впечаток дека царинската управа е многу моќна.

Забелешката се однесува на нетарифни мерки кои се пропишани од други институции, а треба да се менаџираат преку Ексим-системот на Царинската управа. Стапивме во контакт со сите институции кои имаат надлежности на граничната линија и издават различни видови лиценци, дозволи и одобренија. Преку националниот комитет за олеснување на трговијата што веќе почна да функционира, преземени се иницијативи за олеснување на процедурата за добивање на одредени одобренија и лиценци, односно тие кои нема потреба да се издаваат на самата граница да бидат пренесени во внатрешноста, со што ќе се влијае на намалување на застојот кој се јавува на самата гранична линија и ќе дојде до значително олеснување на работата на економските оператори. Од друга страна, почна процес на ажурирање кои ќе бидат потребни дозволи, одобренија, лиценци кои што ќе ги бара царинскиот систем. Ќе се спроведе еден вид гилотина со која ќе се обидеме да го сведеме на минимум од една страна потребата за лиценци, дозволи и одобренија за одредени тарифни ознаки а од друга страна да бидеме усогласени со она што е неопходно и пропишано во ЕУ и она што значи контрола од другите институции. Треба да внимаваме и дека сите овие институции имаат контролен механизам преку издавањето на тие лиценци, дозволи и одобренија. Очекуваме дека многу брзо ќе се имплементира, од есен.

Компаниите ги сфаќаат царинските глоби како категорија што зависи од волјата на власта, а не од почитувањето закон. Оти не се менувало толку однесувањето на компаниите колку што варираат глобите за царински прекршоци – во 2008 изнесувале 950.000 евра, во 2013 – 770.000 евра, а во 2016 – 1,3 милион евра...

Точно е за глобите, дека во минатиот период беа користени за притисок врз компании и физички лица. Сега политиката на определување на глоби се менува. Во процедура e преполовување на глобите и ќе се направи групирање на царинските прекршоци: од потешка природа и оние направени ненамерно или несвесно при поднесување документи за царинска постапка. Доколку се утврди дека грешката во документ или постапка е направена ненамерно, да се изрече опомена, да не се оди со глоби. Тоа ќе се направи со воведување на прекршочен платен налог кој овозможува двостепеност на постапката. Ова досега не беше можно, свесно беше направено од претходната гарнитура преку казни и глоби да дојде до полнење на буџетот, што резултираше со притисок врз економскиот оператор, голем страв и впечаток дека царинската управа е многу моќна.

Ќе ја намалите ли сивата економија? Поединци станаа богаташи со реекспорт кој се одвива само со смена на фактури на граница. Настрана што трансакцијата не е евидентирана, нема платно-билансен одраз, па се јавуваат разлики во увозно-извозните бројки со Србија.

За постапката на менување на фактури на граници преземавме мерки, имаме состаноци како со новата гувернерка на НБРМ, така и со другите институции кои се надлежни за реекспорт, почнувајќи и институциите кои треба да даваат одобренија. За кусо време ќе можеме да кажеме дека е воспоставен ред во реекспортот и во контрола на евазијата на одредените давачки или влијанието врз платниот промет. Тука да напоменам дека не е надлежна само Царинската управа. Затоа се залагаме за заеднички царински контроли со соседните земји и спојувањето на границите, како што се иницијативите со Србија и Албанија.

„Бариерите за е-трговија се уште треба да се отстранат, вклучително и царински давачки и ДДВ за увоз за предмети со мала вредност“, стои во Извештајот на ЕК. За пратките од мала вредност кон Царината многу често се упатуваат поплаки. Зошто?

Има два момента - вредност на стоката која подлежи на ослободување од царина и ДДВ, и брзината со која се справуваме со процесирање на брзите пратки од испраќачот до крајниот примач. Пратките чија вредноста е до 22 евра се ослободени од ДДВ, а до 45 евра се ослободени од плаќање царина. Многу сме полиберални во однос на ослободувањата што се применуваат во ЕУ и во соседните земји. Во однос на брзината на царинење на пратките и доставата до крајните примачи, од мај Царинската управа воведе нов начин на царинење на брзите пратки и воспоставивме процедура на претходно пријавување, со што времето на царинење е скратено од три на еден ден.

Дозволувате ли увоз на мазут кој не одговара на македонските стандарди?

Царинската управа како орган не е надлежна да дозволува или не дозволува увоз на одредена стока доколку не е пропишано со одредени закони, уредби или стандарди. За мазутот, Царината е задолжена да спречи увоз на мазут само доколку количината на сулфурот отстапува од пропишаните важечки стандарди. За другите параметри за квалитетот на мазутот што се наведени во сертификатот за квалитет е надлежна Пазарната инспекција, за што проследуваме известување. Нејзина надлежност и одлука е како ќе се постапува понатаму.

*Извор:Независен весник

03.07.2018
Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.