Привремен увоз

Со постапката на привремен увоз се овозможува употреба на странска стока во царинското подрачје, со целосно или делумно ослободување од плаќање на увозни давачки и без примена на мерки на трговска политика, ако истата е наменета за повторен извоз во непроменета состојба, освен вообичаеното намалување на вредноста заради нејзината употреба.

Стоката може да се декларира за привремен увоз со:

  • Царинска декларација во писмена или електронска форма
  • Усна царинска декларација(за одредена стока), кон која на барање на царинскиот орган се приложува спецификација на стоката,
  • На друг начин(на пример со конклудентно дејство)

За подетални информации во однос на условите, роковите и одобрувањето на постапката, ве упатуваме на Прирачникот на Конвенцијата за привремен увоз издаден и објавен од Светската Царинска Организација, на следниов линк:  https://www.wcoomd.org/-/media/wco/public/global/pdf/topics/facilitation/instruments-and-tools/conventions/ata/handbookconvention-on-temporary-admission-istanbul-26-june-1990_en.pdf

Упатство за привремен увоз

Корисничко упатство за пополнување на усна декларација за привремен увоз и повторен извоз на транспопртни средства

Упатство за увоз и извоз на амбалажа

Евиденција за привремен увоз и извоз на амбалажа

Евиденција за привремен увоз  и извоз на амбалажа-ЗУЈ

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.