Согласно Законот за оружје на Република Македонија, за оружје се смета: огнено оружје, колекционерско оружје, оружје за самозаштита, пневматско оружје, гасно оружје, ладно оружје и др. додека за оружје во смисла на овој закон не се смета: декоративно оружје, имитација на оружје, оружје што е трајно онеспособено за употреба и др.
Доколку поседувате одобрение, наведеното оружје можете да го набавите и за истото царинската стапка изнесува 25 % од царинската основица, која претставува збир од вкупната фактурна вредност плус додадени транспортни и други манипулативни трошоци.
Данокот на додадена вредност е 18%. Даночната основица ја сочинува царинската основица зголемена за износот на пресметаната царина.