Животна средина

Животна средина

Законот за животна средина има за цел:

  • зачувување, заштита, обновување и унапредување на квалитетот на животната средина;
  • заштита на животот и на здравјето на луѓето;
  • заштита на биолошката разновидност;
  • рационално и одржливо користење на природните богатства и спроведување и
  • унапредување на мерките за решавање на регионалните и на глобалните проблеми на животната средина.

Согласно Законот за животна средина Министертвото за животна средина и просторно планирање ги издава следните дозволи:

  • Дозвола за увоз на употребувани гуми
  • Дозвола за увоз на разни производи на хемиската индустрија
  • Дозвола за извоз на разни производи на хемиската индустрија и пероксоли на неоргански киселини и метали и сл.
  • Дозвола за увоз на употребувана техничка стока
  • Дозвола за увоз на нова и употребувана техничка стока со разладни средства
  • Дозвола за увоз на минерали на азбест
  • Дозвола за увоз/ извоз на руди и минерали на молибден

Заштитени растенија, животни, габи и нивни делови - CITES

Законски основ:

  1. Закон за заштита на природата

Закон за заштита на природата уредува заштитата на природата преку заштита на биолошката и пределската разновидност и заштита на природното наследство, во заштитени подрачја и надвор од заштитени подрачја, како и заштитата на природни реткости.
Согласно Законот за животна средина Министертвото за животна средина и просторно планирање ги издава следните дозволи:

  • Дозвола за увоз /извоз на загрозени и заштитени диви раститенија, габи и животни и нивни делови

Oзон

Законски основ:

  1. Закон за животна средина

Правното или физичкото лице кое врши увоз и/или извоз на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или на производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка треба да поседува дозвола за увоз и/или извоз на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка и/или на производи кои содржат супстанции кои ја осиромашуваат озонската обвивка, која ја издава Министерство за животна средина и просторно планирање.

Отпад

Законски основ:

  1. Закон за управување со отпад,
  2. Закон за управување со пакување и отпад од пакување,
  3. Правилник за извоз, увоз и транзит на отпад

Секоја прекугранична испорака на отпад од, во или низ Република Макеоднија се одвива на еден од следните постапки:

  • Претходно писмено известување и дозвола или
  • Барање на општи информации

Во случај на извоз, увоз или транзит на отпад од, во или низ Република Македонија, надлежен орган за испраќање, прифаќање или транзит е Министерството за животната средина и просторно планирање, кој воедно ги издава сите потребни документи дозволи или согласности за увоз, извоз или транзит на отпад.

Извоз, увоз или транзит на отпад се врши со Согласност (Прилог XI и Прилог VII од правилникот кај постапката за барање на општи информации); Дозвола за увоз, односно Дозвола за извоз издадена од Министерство за животна средина ( Прилог XIII и XIV од правилникот).

Прекуграничното пренесување на отпад се врши со следните документи: Образец за известување и товарен лист( Прилог I и Прилог II од правилникот)

Прекугранично пренесување на отпадсе врши на тој начин што Царинскиот службеник го потврдува излезот на пратката на отпад од Република Македонија со пополнување на полето бр. 20 од товарниот лист на сите примероци кои му се доставени, како и задржува една копија за себе, која ја испраќа до Министерството за животна средина.

Царинскиот службеник го потврдува транзитот/влезот на пратката отпад низ/во Република Македонија преку пополнување на полињата бр. 21 и бр. 22 од товарниот лист. Согласно Закон за управување со отпад, Закон за управување со пакување и отпад од пакување  и Правилник за извоз, увоз и транзит на отпад Министертвото за животна средина и просторно планирање ги издава следните дозволи:

  • Дозвола за увоз /извоз на отпадни материи
  • Дозвола за увоз на опасни отпадни материи ( Базелска конвенција)

Батерии и акумулатори

Законски основ:

  1. Закон за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори

Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои мора да ги исполнува батериите и акумулаторите при нивното производство и пуштање на пазар во Република Македонија и постапувањето со отпадните батерии и акумулатори што ги опфаќа обврските и одговорностите на економските оператори и другите субјекти кои учествуваат во процесот на производство и пуштање на пазар на батериите и акумулаторите, ограничувањето на употребата на батерии и акумулатори кои содржат опаснисупстанции, правилата за собирање, преработка, рециклирање и отстранување на отпадните батерии и акумулатори, како и други услови за постапување со отпадните батерии и акумулатори, известувањето и економските инструменти за постигнување на националните цели за собирање и преработка на отпадните батерии и акумулатори.

Министерството за животна средина и просторно планирање е надлежна за издавање на Потврди за регистрација на производители на отпадни батерии и акумулатори. Царинскиот орган нема да дозволи увоз на батерии и акумулатори без производителот да ја приложи потврдата за регистрација и регистрационен број

Електронска и електрична опрема

Законски основ:

  1. Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема

Со овој закон се уредуваат барањата за заштита на животната средина кои треба да ги исполнат правните и физичките лица кои произведуваат и пуштаат на пазарот во Република Македонија електрична и електронска опрема и кои постапуваат со отпадната електрична и електронска опрема, како и другите субјекти кои учествуваат во постапките на производство и пуштање на електричната и електронската опрема на пазарот, ограничувањето на употребата на одредени опасни супстанции во производството на електрична и електронска опрема, начинот на собирање, третман, преработка и отстранување на отпадната електрична и електронска опрема, како и други прашања за управување со отпадната електрична и електронска опрема.


Одредбите на овој закон се применуваат на следниве категории на електрична и електронска опрема (во натамошниот текст: категории на опрема):

  1. големи домашни апарати;
  2. мали домашни апарати;
  3. опрема за информатичка технологија и телекомуникација;
  4. опрема за широка потрошувачка и забавна електроника;
  5. опрема за осветлување;
  6. електрични и електронски апарати (освен големи неподвижни индустриски орудија);
  7. електрични и електронски играчки и опрема за забава и спорт;
  8. медицински апарати (освен апарати кои можат да предизвикаат радијација или инфекција);
  9. инструменти за следење и контрола и
  10. автомати.

Одредбите на овој закон не ја исклучуваат примената на прописите кои се однесуваат на безбедноста, здравствената и хигиено - санитарната заштита и прописите за управување со отпадот.

Одредбите на овој закон не се применуваат на:

  1. електрична и електронска опрема што е составен дел на друг вид опрема којашто не спаѓа во категориите на електрична и електронска опрема од членот 4 став (1) од овој закон;
  2. отпадните печатарски тонери распоредени во Листатат на видови на отпад согласно со Законот за управување со отпадот, доколку настануваат како потрошен материјал при користење на печатари и
  3. електрична и електронска опрема која се користи како опрема која е наменета за користење во одбраната на земјата, оружје, муниција и воен материјал, со исклучок на производи кои не се наменети за конкретни воени цели.

Производителите кои за прв пат пуштаат на пазар или увезуваат како крајни корисници во Република Македонија опрема, се должни да се регистрираат во Министерството за животната средина и просторно планирање при што добиваат потврда за регистрација, на основа на која истите добиваат дозвола за увоз која е предмет на контрола на царинскиот орган.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.