ВРАЌАЊЕ АКЦИЗА ЗА ОБЕЛЕЖАНО ГАСНО МАСЛО КАКО ГОРИВО ЗА ГРЕЕЊЕ

Физичките лица кои обележаното гасно масло наменето за греење го употребиле за греење во домаќинствата, како и правните лица кои го употребиле како гориво за греење во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, имаат право на враќање на дел од платената акциза во висина од 6 денари за литар.

Регистрација во Евиденцијата на корисници на обележано гасно масло наменето за греење

За остварување на правото на враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење, лицата треба да се евидентираат во Царинската управа во електронскиот систем СОЦДАД како корисници на обележано гасно масло и да добијат идентификациски број.

Насоките за поднесување на барањето за регистрирање во Евиденцијата на корисници на обележано гасно масло наменето за греење во СОЦДАД можете да ги најдете на веб страната на Царинската управа и тоа:

-          Насокa за поднесување барање за регистрирање во МЕОС на барател за поврат на акциза за екстра лесно за греење употребено во процес на производство на линкот:

https://customs.gov.mk/content/documents/%D0%90%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B7%D0%B8/procesnaproizvodstvo.pdfhttps://customs.gov.mk/images/procesnaproizvodstvo.pdf

-          Насока за поднесување барање за регистрирање во МЕОС на барател за поврат на акциза за екстра лесно за греење во домаќинство на линкот:

https://customs.gov.mk/content/documents/%D0%90%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B7%D0%B8/domakinstvo.pdfhttps://customs.gov.mk/images/domakinstvo.pdf

Евидентирањето во Царинската управа се врши врз основа на поднесено електронско барање во кое барателот ги наведува:

  • Податоци за идентификација

-        назив или име и презиме,

-        седиште, адреса или адреса на живеење,

-        податоци за контакт,

-        ЕДБ или ЕМБГ

Податоци за локацијата на складирањето и користењето на обележаното гасно масло наменето за греење,

  • Капацитетот на резервоарите и
  • Техничките карактеристики на опремата за користење на обележаното гасно масло за греење во домаќинствата или во процесот на производството или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата.

Надлежниот царински орган согласно поднесеното барање врши теренска контрола и проверка на точноста на поднесените податоци за евидентирање на барателот со цел издавање на идентификацискиот број.

 

Барање за поврат на акциза

Враќањето на дел од платената акциза за обележаното гасно масло го врши надлежниот царински орган врз основа на поднесено барање за враќање на дел од платената акциза за обележаното гасно масло.

Барањето за враќање се поднесува во СОЦДАД електронскиот систем на Царинската управа.

Насоката за поднесување на барањето за враќање во СОЦДАД можете да ја најдете на следниот линк:

https://customs.gov.mk/content/documents/%D0%90%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B7%D0%B8/extralesnomaslo.pdfhttps://customs.gov.mk/images/extralesnomaslo.pdf

Враќањето на дел од платената акциза се врши само за набавена или увезена количина на обележаното гасно масло наменето за греење во домаќинствата, во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, во согласност со Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите во вонредна состојба (Сл.Весник 169/2020). 

Во случај кога обележаното гасно масло наменето за греење се користи во домаќинствата кон барањето, се приложува следната документација:

  • фактура или фискална сметка за набавено обележано гасно масло наменето за греење во домаќинство, во кои се содржани податоците за набавената количина изразена во литри и износот на платената акциза;
  • докази од кои може да се утврди датумот на испораката, продавачот и лицето кое извршило достава на обележаното масло за греење за домаќинство
  • доказ дека лицето ги има намирено долговите по основ на даночни и царински обврски.

Во случај кога обележаното гасно масло наменето за греење е употребено како гориво за греење во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, Кон барањето, се приложува следната документација:

  • решение и тековна состојба од Централниот регистар на Република Северна Македонија;
  • детален опис на дејноста за која се користи обележаното гасно масло наменето за греење,
  • местото и локацијата на производството каде што се користи обележаното гасно масло наменето за греење, како и складишните простори и/или простории, како и опремата која се користи за греење;
  • фактура за набавено обележано гасно масло наменето за греење или царинска декларација за увезено гасно масло наменето за греење во која се содржани податоците за набавената количина изразена во литри и износот на платената акциза;
  • докази од кои може да се утврди датумот на испораката, продавачот и лицето кое извршило достава на обележаното масло за греење;
  • доказ дека лицето ги има намирено долговите по основ на даночни и царински обврски
  • докази за оправданоста за враќање на дел од платената акциза од евиденцијата на лицето кое бара враќање, за количините на обележаното гасно масло наменето за греење или како додаток на друг енергент како гориво за греење во индустријата, во периодот за кој се бара враќање на дел од платената акциза.

Враќањето на дел од платената акциза за обележаното гасно масло наменето за греење во домаќинствата, во процес на производство или како додаток на друг енергент како гориво за греење се врши со прифаќање и верификување на регистрираното електронското барање за враќање на платената акциза, за што подносителот на барањето добива електронска порака од Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи кој го води Царинската управа, по што се врши враќање на делот од платената акциза во висина од 6 ден/лит на сметката на подносителот на барањето.

 

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.