Прашања и одговори

Што претставува Интегрираната тарифна околина?

Интегрираната тарифна околина (ИТО) претставува бизнис концепт што ги групира повеќето комјутерски системи што служат за размена на информации помеѓу Европската комисија и земјите - членки на ЕУ. Главна цел на Интегрираната тарифна околина (ИТО) е да ги усогласи царинските ИТ системи со соодветните тарифни системи што ја сочинуваат ИТО на Европската Унија. За пристапување во ЕУ задолжително е воведување на ИТО со цел да се приближиме до заедничкиот eвропски пазар и Царинската унија на ЕУ. ИТО ќе го зајакне оперативниот капацитет на Царинската управа според стандардите на ЕУ, особено во однос на царинските тарифи, што се основа на царинските постапки. Најважната апликација – ТАРИМ се имплементира и е во оперативна функција од 1 јуни 2019 година. Кога ќе станеме дел од ЕУ, претходното искуство стекнато преку националните мерки ќе овозможи полесен премин кон мерките на ЕУ. Во меѓувреме, економските оператори ќе имаат придобивка од поефикасниот систем. Правната основа за воведување на Интегрираната тарифна околина(ИТО) се наоѓа во Законот за царинска тарифа ((Сл.весник на РМ бр. 23/03, 69/04, 10/08, 35/10, 11/12 , 93/13, 44/15) во членот 1б и членот 5 став 5.

За полесно користење на новиот систем ТАРИМ донесени следните упатства:

Корисничко упатство за модулот за пресметки  и Корисничко упатство за модулот за модулот за десиминација

ИТО ги опфаќа следните системи:

- ТАРИМ - содржи и модул за пресметка на царинските давачки што е од суштинско значење за доследна и ефикасна наплата на точни царински давачки и спроведување на другите економски мерки. Пристап до консултацискиот модул на ТАРИМ на следниот линк на веб страната на Царинската управа на РСМ

- Систем за квоти - управува со квотите при увоз врз основа на принципот „прв дојден, прв корисник.

-Систем за надзор - служи за следење на увозот и извозот и ја поддржува примената на трговските мерки;

- Задолжителни тарифни информации - систем за управување и објавување на задолжителни тарифни информации;

- Европски попис на хемиски супстанци – листа на супстанци дефинирани според регулативата на ЕУ.

- Систем за управување со примероци - содржи база на примероци од царински печати, пломби и потребни документи за царинските постапки.

TARIМ е акроним за Интегрирана тарифна на Македонија. Претставува база на податоци за царинска тарифа на Македонија и законите, прописите и другите акти на Република Северна Македонија кои се применуваат на стоки при увоз и извоз која е формирана со поврзување на тарифните ознаки со мерките на комерцијалното законодавство, забраните за увоз / извоз, ограничувањата, квантитативните рестрикции, тарифните квоти и преференции, акцизи, ДДВ и други мерки. Кодирањето во ТАРИМ системот се врши на начин на кој се прави кодирањето во интегрираната тарифа на ЕУ - ТАРИК (тарифа Интегра communautaire).

Интегрираната царинска тарифа на Република Северна Македонија претставува консултациски и калкулациски модул кој преку интерфејс се поврзува со Системот за обработка на царински и акцизни документи – СОЦДАД и ЕКСИМ. Таа ги содржи стапките на сите царински и други увозни давачки, како и сите други мерки на трговска политика на стоки и двојна намена на стоките. Со воведувањето на TARIМ се зголемува степенот на автоматски царинење и се обезбедува правилна и еднообразна примена на законите и прописите во процесот на царинење, на целата територија на Република Северна Македонија. Одредени делови од ЕЦД се поврзани со базата на податоци во TARIМ системот и полињата се пополнуваат со кодови кои се дефинирани во истиот. TARIМ базата ја проверува веродостојноста на податоците внесени во рубриките на ЕЦД (на пример, рубриките број 33, 36, 39, 44, 47 и други) и ги пресметува давачки како и дава други информации поврзани со мерките (тарифни и нетарифни).

Основни елементи TARIM базата се:

• мерки;

• номенклатура;

• дополнителни ознаки;

. сертификати

• географски области;

• фусноти;

• законодавство.

Мерка претставува примена на прописите за одреден период на време, за увезени / извезени стоки со одредено потекло. На пример мерка 103 –значи примена на царински давачки кон трети земји. Овие мерки се кодирани во базата на TARIМ, шифрирани на точно одреден начин со алфанумерички ознаки.

Номенклатурата се состои од тарифни ознаки и наименуванија. Наименуванието на стоката е текстуален опис на стоката која ја следи секоја тарифна ознака. Тарифни ознаки во базата на TARIМ се на десетоцифрено ниво, каде првите осум цифри идентичен со ознаки од Царинската тарифа на ЕУ – Комбинираната номенклатура (првите шест цифри се дал од ХС, седмата и осмата цифра се воведени од страна на Европската унија), додека последните две цифри се национални. Понатаму поделбата на наименуванијата се врши со дополнителни ознаки. Тарифните ознаки се впишуваат во рубриката бр. 33 од ЕЦД, а покрај десетоцифрената тарифна ознака се впишуваат највеќе Дополнителните ознаки, што значи да се во TAРИМ, односно царинската декларација, стоката се опишува со 22-цифрена ознака.

Дополнителните ознаки се четирицифрени алфанумерички ознаки кои се употребуваат кога номенклатурата треба да биде понатаму разделена поради специфични потреби, на пример да се означи стока за која се наплаќа акциза, повластена стапка на ДДВ, итн.

Географските подрачја се земји , групи земји групирани поради некои конкретни причини, региони кои се кодирани четири цифри и се користи за дефинирање на земјата на потекло или дестинација каде што стоката се увезува.

Фуснотата претставува текстуална подршка на мерките, дополнителните ознаки и другите елементи на ТАРИК системот, а се употребува подетално да се објаснат шифрираните податоци.

Зошто го воведуваме ИТО?

За пристапување во ЕУ задолжително е воведување на ИТО со цел да се приближиме до заедничкиот eвропски пазар и Царинската унија на ЕУ. ИТО ќе го зајакне оперативниот капацитет на Царинската управа според стандардите на ЕУ, особено во однос на царинските тарифи, што се основа на царинските постапки. Целта е да се обезбеди целосна компатибилност и интероперабилност помеѓу ИТ системите на Царинската управа и соодветните ИТ системи на Царината на ЕУ.

Со воведување на ИТО Царинската управа воведе информатички системи со функционалност на бизнис процесите кои се компатабилни со бизнис процесите на ИТО на ЕУ и земјите членки. Царинската управа воведе ИТ системи кои даваат подршка на ИТО и воспоставен е систем за превентивно и адаптивно одржување.

Кои се предностите?

Пред пристапот во ЕУ, економските оператори ќе имаат придобивки од системот што ќе им овозможат поефикасна работа:

  • Он-лајн (електронски) пристап преку ТАРИМ системот до информациите кои претходно беа достапни како хартиени документи (во моментов достапни во прирачникот - Водич за царинење на стоки). Достапните информации ќе ги опфаќаат: царинските давачки, националниот ДДВ, националната акциза и националните нетарифни мерки, како што се ограничувањата при увоз и извоз (дозволи или одобренија);
  • ТАРИМ содржи дополнителни информации што ќе ја намалат потребата од консултација со законите;
  • Информациите во системот ќе бидат достапни и по истекување на нивниот рок на важење;
  • Пристап до модул за пресметки – можност за пресметка на царинските и другите давачки, како и добивање информации во однос на документите (дозволи/сертификати) потребни за увоз и извоз.

Сето ова значи побрз, полесен и потранспарентен пристап до информации за економските оператори, како и добивање на поефикасна услуга, што ќе има позитивно влијание врз секојдневната работа.

По пристапување во ЕУ, унифицираната примена на царинските мерки од страна на сите земји - членки на ЕУ ќе овозможи:

  • Интегрирани податоци – поголема транспарентност и поразбирливи информации;
  • Централизирано распределување на квоти – еднаков третман за сите земји членки на ЕУ;
  • Централизирано одржување и проверка на системот од страна на ЕУ;
  • Достапност за консултација на постари информации на ЕУ;
  • Поголема ефикасност во севкупното царинско работење;
  • Поголема стручност и поквалитетна услуга од страна на царинските службеници;
  • Заштита на економијата (на пример, преку употреба на анти-дампинг мерки);
  • Надгледување на увозот и извозот преку Системот за надзор.

Горенаведеното ќе овозможи заштеди за економските оператори и Царинската управа, во однос на следното:

  • Електронска објава на интегрираните тарифни информации;
  • Администрација и одржување на точни и ажурирани податоци;
  • Автоматска валидација на тарифните ознаки и други податоци;
  • Автоматско пресметување на царински давачки;
  • Унифицирана и доследна примена на регулативите.

Кога ИТО ќе стане оперативен?

Таримот е оперативна функција од 2019 година. Најнапред се воспостави интерфејс со EXIM каде што приказот на лиценците е со интегрирање на мерките во TARIM. Пред 2019 година интеграцијата на лиценците и приказот се правеше директно во EXIM. Од 1 јули 2019 година е воспоставен интерфејсот помеѓу TARIM и SOCDAD преку кој двонасочно се доставуваат барања за пресметка од SOCDAD и се праќа одговор за пресметката на тарифните и нетарифните мерки и контрола и контрола на референтните податоци и интеграција на мерките од TARIM при обработка на царинската декларација во царинската постапка.

Оттука TARIM модул претставува master модул и има круцијално значење за правилна пресметка на царинските и другите видови на давачки во царинската постапка, контрола и примена на нетарифните мерки и другите мерки на трговската политика, консултација за примена на тарифните и нетарифните мерки како и за превземање на референтните податоци од царинските застапници и компаниите кои изработуваат софтвер за поднесување на царинските декларации.

За подобро оперативно функционирање на TARIM модулот воспоставен е и Service desk преку кој царинските застапници и царинските слузбеници може да поставуваат прасања или да доставуваат забелешки и сугестии во врска со проблеми при функционирање на системот или нејаснотии и дилеми во примена на TARIM модулот од аспект на спроведување на царинската постапка.

За ITO е предвиден Договор за тековно одржување кој овозможува да се реализираат адаптивни измени согласно потребните барања за измени.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.