Акцизен обврзник

Акцизен обврзник е секое лице кое има обврска да плати акциза во случаите на:

  • пуштање на акцизните добра од постапка на акцизно одложување
  • чување на акцизни добра
  • производство на акцизни добра
  • увоз на акцизни добра
  • користење на акцизните добра спротивно на целта за која е издадено одобрението за повластен корисник на акцизни добра
  • губење или кусок на акцизни добра во акцизен склад или место на повластено користење ако имателот на одобрението не може да докаже дека губењето или кусокот е непосредно поврзано со природата на акцизното добро или настанале како резултат на непредвидливи околности или виша сила;
  • зголемување на акцизата на алкохол
  • зголемување на акцизата и/или зголемување на малопродажната цена на тутунските производи и
  • зголемување на акцизата на енергентите и електричната енергија

Доколку повеќе лица се одговорни за плаќање на акцизата, за плаќањето одговараат солидарно

Акцизниот обврзник кој има намера да врши дејност поврзана со акцизни добра се регистрира во електронски Регистар на акцизни обврзници, кој се води од страна на Царинската управа.

Царинската управа ги води следните електронски регистри:

Регистар на акцизни дозволи состојба 29.02.2024

Регистар на одобренија за акцизни обврзници на електрична енергија, природен гас, јаглен, кокс, лигнит и нафтен кокс 29.02.2024

Регистар на одобренија за земјоделци - мали производители на жестоки алкохолни пијалаци состојба 29.02.2024

Регистар на одобренија за мали производители на пиво вино етил алкохол и жестоки алкохолни пијалаци состојба 29.02.2024

Регистар на одобренија за корисници на акцизни марки-состојба 29.02.2024

Регистар на дистрибутери на акцизни производи 29.02.2024

Регистар на одобренија за повластени корисници на акцизни добра состојба 29.02.2024

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.