Историјат
![](/2023/02/24/294123460_453638579911602_8239779936045422644_n.jpg)
До 1991 година царинската служба делуваше во рамките на поранешна СФРЈ. По осамостувањето на Република Македонија, Собранието нa Рeпублика Македонија на 14 април 1992 година го усвои Царинскиот закон со кој е основана Царинската управа на Република Македонија, која од тој момент го стекна суверенитетот и контролата на целото царинско подрачје на Република Македонија.
Овој ден – 14 април, секоја година се прославува како Ден на царината.
Во 2022 година по повод 30 години јубилеј, беше издадена публикација „Mонографија, 1992 – 2022“, а претседателот на државата Стево Пендаровски и додели на Царинската управа Повелба за 30 години фундаментален и непроценлив придонес во заштитата на општеството и осовремeнувањето и развојот на економијата, притоа застапувајќи ги и остварувајќи ги финансиските интереси на државата и на граѓаните на државата.
Линк до монографијата:
Монографија на македонски јазик