Издавање на потврда согласно Закон за трговски друштва

Согласно член 197 став 7 од Законот за трговски друштва сите правни и физички лица за издавање на потврда од Царинска управа, треба да достават

Двојазично барање за издавање на  потврда согласно член 197 од Законот за трговски друштва 

Барање за издавање на потвдра солгасно член 197 од Законот за трговски друштва на македонски јазик

Истото треба да биде пополнето точно, читливо и целосно.

Кон Барањето за издавање на потврда дека лицето нема доспеан неплатен долг по основ на царина и други увозни давачки во редовна царинска постапка и во постапка на дополнителна пресметка на давачки, треба да се приложи уплатница за платена административна такса во износ од 50,00 денари.

Административната такса може да се плати и преку СМС порака на бројот 144 166 со следната содржина:

  • ТМ_Ime_Prezime_50, за физички лица и
  • TM_Naziv na pravnoto lice_50, за правни лица

Барањето се поднесува во архивата на Царинската управа или преку пошта на следната адреса:

Царинска управа на Република Северна Македонија

Сектор за финансиски прашања

Одделение за наплата на приходи

ул. Лазар Личеноски бр.13

1000 Скопје.

Коктакт за дополнителни информации:

e-mail: oddeleniezanaplata@customs.gov.mk или

тел: 02/32 93 945, 02/32 93 946, 02/32 93 979

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.