Врз основа на чл. 22  и 23 од Законот за работните односи  Пречистен текст („Службен весник на РМ" бр. 62/05, 3/06, 44/06, 66/06, 16/07, 57/07, 77/07, 106/08, 161/08, 63/09, 114/09, 130/09, 149/09, 10/10, 16/10, 50/10, 52/10, 58/10, 124/10, 132/10, 158/10, 47/11, 11/12, 39/12, 52/12, 13/13, 25/13, 54/13, 170/13, 187/13, 34/14, 113/14, 145/14, 20/15, 33/15, 72/15, 74/15, 129/15, 167/15, 27/16, 134/16, 120/18 и Службен весник на РСМ“ бр.110/19, 90/20, 267/20, 151/21 ,288/21 и 111/23)  в.в. со член 14, член  22 став 1 алинеја 2, став 3, став 8, став 13 и став 14 од Законот за вработени во јавниот сектор (Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14,  27/16, 35/18, 198/18 и Службен весник на РСМ“ бр.143/19, 14/20, 95/20 и 302/20), Правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0001 од 17.06.2021 година,  Правилници за измена и дополнување на правилникот за организација и работа на Царинска управа број 01-036570/21-0033 од 02.12.2022 и број 01-036570/21-0050 од 29.12.2023 година, Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0002 од 17.06.2021 година и Правилници за изменување и дополнување на  Правилникот за систематизација на работни места во Царинска управа број 01-036570/21-0012 од 07.12.2021 година, број 01-036570/21-0017 од 04.01.2022 година , број 01-036570/21-0025 од 25.08.2022 година , број  01-036570/21-0032 од 02.12.2022 година, број 01-036570/21-0045 од 29.12.2023 година, број 01-036570/21-0055 од 07.08.2024 година, број 01-036570/21-0060 од 12.09.2024 година, број 01-036570/21-0069 од 15.12.2024 година, број  01-036570/21-0075 од 21.03.2025 година, број 01-036570/21-0080 од 22.04.2025 година, број 01-036570/21-0086 од 03.02.2026 година и број 01-036570/21-0093 од 14.05.2026 година и известувањата од Министерството за финансии број 19-2927/3 од 21.04.2026 година, 19-3837/2 од 01.06.2026 година и 19-5611/2  од 27.07.2026 година, Царинската управа објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС бр. 04/2026 за вработување на 3 (три) извршители на определено работно време, поради привремено зголемен обем на работа, до крајот на тековната фискална година (2026)

 

Царинската управа објавува оглас за вработување на 3 (три) извршители на определено време до крајот на  тековна фискална година (2026):

 

  1. Работно место од ниво В4 инспектор водич на царински пес во Служба за мобилни тимови во Одделение за оперативни работи во Сектор за контрола и истраги, 1 извршител
  2. Работно место од ниво В4 цариник во Богородица, Царинарница Гевгелија, 1 извршител
  3. Работно место од ниво В1 самостоен советник за царинска лабораторија во Одделение за царинска лабораторија, Сектор за царински систем, 1 извршител

 

Општи услови за сите работни места:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место и
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови за работно место: Инспектор водич на царински пес

  • ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование
  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска унија (англиски, француски, германски),
  • без работно искуство на царински работи или во струката.

 

Посебни услови за работно место: Цариник во Богородица, Царинарница Гевгелија, 1 извршител

-              ниво на квалификации: најмалку вишо или средно образование,

-              активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европска Унија (англиски, француски, германски),

-              без работно искуство на царински работи или во струката.

 

Посебни услови за работно место: Самостоен советник за царинска лабораторија во Одделение за царинска лабораторија, Сектор за царински систем, 1 извршител

-              ниво на квалификации: VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Технологија на прехранбени производи, Биологија, Хемиска технологија

-              активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење и познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски);

-              најмалку три години работно искуство на царински работи или во струката.

 

Кандидатите  потребно е да ги достават следните документи: (во оргинал или копија заверена на нотар)

  • Доказ за државјанство;
  • Доказ за општа здравствена способност
  • Доказ дека не им е изречена мерка забрана за вршење професија, дејност или должност (од суд или Централен регистар);
  • Доказ сите свидетелства (од прва до четврта година) и диплома за завршено средно образование;
  • Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик);

Распоред на работно време во Служба за мобилни тимови во Одделение за оперативни работи во Сектор за контрола и истраги : работа во турнус, работни часови во неделата: 40 часа  

Работно време: од понеделник до недела

 

Распоред на работно време во гранични царински испостави 12/24-12/48 часа

Работно време: од понеделник до недела

 

              Распоред на работно време: Работни часови во неделата: 40 часа,

              Работно време: од понеделник до петок од 08.30 до 16.30 часот

 

Паричен износ на основна нето плата за работно место: Инспектор водич на царински пес – 45.506,00 денари, Цариник – 37.659,00 денари, Самостоен советник - 51.641,00, денар.

 

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на определено време до 31.12.2026 година.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Кандидатите се должни да поднесат Пријава која е објавена на интернет страната на Царинска управа www.customs,gov.mk на следната локација https://www.customs.gov.mk/mk-MK/pocetna/za-nas/nasata-uloga/vrabotuvanja.nspx

Пријавата се пополнува согласно напатствијата дадени во неа со читлив и јасен ракопис. Кон пријавата кандидатите ги доставуваат бараните докази за исполнување на условите.

Рокот за доставување на Пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни денови сметајќи го денот на објавување, односно најдоцна до 31.07.2026 година (петок).

Изборот на кандидатот ќе се изврши во рокот определен согласно член 23 став 2 од Законот за работните односи.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Царинска управа  или по пошта на следната адреса: Ул.„Лазар Личеноски“ бр.13, 1000 Скопје, Архива на Царинска управа (со назнака „за оглас за вработување бр. 04/2026“). Контакт телефонски број 02 3116 188  Сектор за управување со човечки ресурси при Царинска управа на РСМ.

Ненавремените и некомплетните пријави нема да бидат предмет на разгледување.