Поддршка на спроведување на Стратегијата за реформи во Царината

Техничка помош за унапредување на царинскиот ИТ систем преку подготовка на техничка спецификација за изработка на софтвер за поврзување на националниот со царинските информациони системи на земјите членки на ЕУ

Факти за проектот:

Цел: подобрување на капацитетите за управување со проекти на Секторот за ИКТ на Царинската управа и помош во подготовката на ИТ проекти кои се задолжителни барања за пристап во ЕУ.

Времетраење: 18 месеци (2009  - 2011 г.)

Вредност: 0,7 милион евра

Резултат: Подготовени се стратешки ИКТ документи за поврзувањето со царинските информатички системи на државите членки на ЕУ и Европската комисија, технички спецификации за основните софтвери за поврзување со царинските ИКТ системи на ЕУ, а набавена е и компјутерска опрема.

Техничка помош за зајакнување на граничните контроли

Факти за проектот:

Цел: спроведување ефикасна и ефективна царинска контрола, со истовремено олеснување на легитимното прекугранично движење на патници и стока, како и обезедување на наплата на давачки и зајакнување на капацитетита на Царинската управа за борба против измами и копупција.

Времетраење: 18 месеци (2009  - 2011 г.)

Вредност: 0,7 милион евра

Резултат: Воведени се нови, модерни техники за спроведување на царинското законодавство (технологија и алатки од типот на анализа на ризик), заштита на државната граница и олеснување на прометот со стоки преку граничните премини, подготвени се и промовирани модули/курсеви за царинско и деловно електронско учење (е-учење) креирани од страна на ЕK, а спроведени се и обуки на обучувачи за зголемување на интегритетот на царинските службеници. Обезбедена е и обука на царинските кучиња за откривање на дрога и набавена е техничка опрема и возила за нивен транспорт.

Техничка помош за натамошно усогласување на законодавството со ЕУ

Факти за проектот:

Цел: Услогласување на националното царинско законодавство и постапки со законодавството и најдобрите практики на ЕУ во областа Царина.

Времетраење: 18 месеци (2009  - 2011 г.)

Вредност: 1 милион евра

Резултат: Подготовени се измени и дополнувања на Царинскиот закон, Уредбата за спроведување на Царинскиот закон и Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и кодексот на шифри, како и интерни упатства за нови поефикасни царински постапки согласно стандардите на ЕУ, а подготвена е и функционална спецификација за изработка на софтвер за контрола на движењето на акцизите – EMCS.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.