Одобрение за повластен корисник на акцизни добра

Одобрение за повластен корисник на акцизни добра може да добие само лице кое ги исполнува следниве услови:

  • врши или има намера да врши дејност од областа на акцизите и има седиште во Република Македонија;
  • уредно води деловни книги согласно со важечките прописи и редовно поднесува годишни пресметки во последните две години;
  • против кое не е покрената постапка за стечај или ликвидација;
  • да не е осудено со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор за сторено кривично дело од областа на даноците и царините и со правосилна судска одлука да не е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност, привремена забрана за вршење одделна дејност и трајна забрана за вршење одделна дејност;
  • да ги има намирено долговите по основ на даночни и царински обврски;
  • има воспоставено соодветни стандарди за безбедност и сигурност кои се сметаат за исполнети кога барателот докажува дека одржува соодветни мерки кои ја гарантираат безбедноста и сигурноста на областите на физички интегритет и контроли на пристап, логистички процеси и ракување со акцизните добра, вработените и идентификација на неговите деловни партнери;
  • исполнува услови за електронска размена на податоци и
  • поднесе гаранција за обезбедување на акцизниот долг кој може да настане.

Одобрението за повластен корисник на акцизни добра се издава врз основа на поднесено барањеза издавање на одобрение за повластен корисник во компјутерскиот систем на Царинската управа СОЦДАД со придружни документи пропишани во Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи.

Барањето за издавање на одобрение за повластен корисник се поднесува електронски на следниов линк: https://trader.customs.gov.mk/trader-meos-ui/protected/main.htm

Одобрението за повластен корисник на акцизни добра го издава Царинската управа и може да се однесува на едно или повеќе места за повластено користење и вкупна количина за една календарска година.Одобрението се издава со период на важност од пет години, освен ако барателот не побара поинаку.

Насока за увоз и постапување со етил алкохол за повластено користење

Scroll to top

.