Мали независни пиварници

Мала независна пиварница произведува пиво како дел од регистрираната дејност врз основа на издадено одобрение за мала независна пиварница од надлежен царински орган, и ги исполнува следниве услови:

  • има вкупно годишно производство на пиво не повеќе од 150.000 литри;
  • правно и економски е независен од било кој друг производител на пиво;
  • неговите производствени и оперативни објекти не се технолошки поврзани со производствените и оперативните објекти на друго лице кое произведува пиво како дел од неговата регистрирана дејност и
  • не произведува пиво со лиценца.

Под вкупно годишно производство на пиво произведено од мала независна пиварница се подразбира вкупната количина на пиво произведена во текот на календарската година. Кога две или повеќе мали пиварници соработуваат меѓусебно и нивното заедничко годишно производство не надминува 150.000 литри, тие мали пиварници може да се сметаат како една мала независна пиварница.

Малата независна пиварница е должна пред започнување на производството на пиво да поднесе барање за издавање на одобрение за мала независна пиварница во компјутерскиот систем на Царинската управа СОЦДАД со придружни документи пропишани согласно Правилникот за начинот на оданочување со акциза на алкохол и алкохолни пијалаци и тутунски производи

Барањето за издавање на одобрение се поднесува во СОЦДАД на следниов линк: https://trader.customs.gov.mk/trader-meos-ui/protected/main.html

Во случај на извоз на пиво произведено од мала независна пиварница, по барање на малата независна пиварница надлежниот царински орган ќе овозможи поднесување на електронски административен документ согласно одредбите со кои е уредено движењето на акцизните добра во постапка на акцизно одложување. Малата независна пиварница е должна да го извести надлежниот царински орган и да достави податоци за извоз на пивото во постапка на акцизно одложување најдоцна седум дена пред испраќањето. Малата независна пиварница не поднесува гаранција за обезбедување на акцизата, освен во случаи на неисполнување на обврските кои произлегуваат од издаденото одобрение за мала независна пиварница, по барање на надлежниот царински орган.

Scroll to top

.