Воспоставување на нов граничен премин (ГП) Струмјани – Берово (Клепало) помеѓу Бугарија и Северна Македонија

    Проектот е финансиран преку ИПА 3 Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија за 2021-2027 година.

    Стратешкииот проект за изградба/рехабилитација на нов Граничен премин Струмјани – Берово (Клепало)  е заеднички проект на Бугарија и Северна Македонија преку кој ќе се подобри поврзаноста помеѓу двете земји, ќе се олесни комуникацијата и ќе се поттикне туристичката размена. Ставањето во функција на новиот граничен премин ќе ја зголеми фреквенцијата на сообраќајот меѓу двете земји, ќе го стимулира економскиот развој на регионот и ќе овозможи директен пристап до автопатот Струма (во Бугарија), кој е важен дел од трансевропската транспортна мрежа.

    ФАКТИ ЗА ПРОЕКТОТ:

    Проектот е поделен во 2 фази.

    Во првата фаза, која се очекува да заврши во 2026 година ќе се спроведат подготвителни активности, поврзани со планирање, проектирање и избор на изведувачи.

    Во втората фаза – која ќе се спроведе од 2027 до 2029 година ќе се реализираат градежните активности на инфраструктурата на граничниот комплекс. На бугарската страна ќе се градат неколку згради и ќе се изгради патна инфраструктура, додека на македонска страна ќе се реконструираат и модернизираат постоечките структури и објекти. 

    Цел: Развој на одржлива интелигентна и интермодална, национална, регионална и локална мобилност отпорна на клима, вклучително и подобрен пристап до TEN-T и прекугранична мобилност". Олеснување на зголемениот сообраќај на луѓе помеѓу двете земји; зајакнување на комуникациските врски меѓу двете земји и подобрување и проширување на пристапот до основните делови од патната мрежа TEN-T, вклучително и олеснет пристап до коридорите IV и VIII, што треба да ја подобри регионалната поврзаност и да ја поттикне економската раст на програмската област.

    Времетраење: 2023-2029 година

    Вредност: 3,6 милиони евра за македонската страна

    Резултат: Реконструиран/модернизирани функционален граничен премин Клепало. Подобрена поврзаност помеѓу двете земји, олеснување на комуникацијата и поттикнување на туризмот. Зголемување на фреквенцијата на сообраќајот меѓу двете земји, стимулирање на економскиот развој на регионот и олеснет пристап пристап до автопатот Струма, кој е важен дел од трансевропската транспортна мрежа.

    Реконструкција и модернизација на граничен премин (ГП) Делчево со Бугарија согласно ЕУ стандарди

    Проектот ќе се реализира во две компоненти:

    1. Реконструкција и модернизација на граничниот премин Делчево (реновирање на административната зграда, реконструкција и надградба на зградата на терминалот, реконструирана патна инфраструктура на граничниот премин, изградба на пречистителна станица) со цел подобрување на условите и капацитетите на истиот. Граничниот премин ќе претрпи значителна реконструкција што ќе овозможи подобри услови за работа на царинските и полициските службеници и директно ќе овозможи поефикасно и навремено спроведување на процедурите.
    2. Модернизација на царинските терминали во државна сопственост со воведување на современа опрема и технологија за спроведување на царинските процеси. Втората компонента ќе опфати модернизација на опремата на 9 гранични премини во Република Северна Македонија како и интегрирање на овие компоненти и елементи со современите царински решенија. Во рамки на оваа компонента се предвидува директно влијание врз ефикасноста и скратено време за царински постапки.

    ФАКТИ ЗА ПРОЕКТОТ:

    Општа цел: Подобрување на граничната безбедност на Република Северна Македонија и истовремено обезбедување на слободно движење на луѓе и стока.

    Специфични цели: Подобрување на условите и капацитетите на граничниот премин Делчево, како и обезбедување модерна опрема и нови технологии за спроведување на царинските процеси.

    Времетраење:  2024 – 2027 година (36 месеци)

    Вредност: 4,2 милиони евра

    Резултат: Реконструиран и модернизиран граничен премин Делчево (административна зграда,  зграда на терминалот за стоково царинење, патна инфраструктура на граничен премин, изградена и функционална пречистителна станица), набавена и инсталирана опрема на најмалку 9 гранични премини во Република Северна Македонија со развиен и функционален ИКТ интегратор.

    Изградба на ганичен премин со Република Грција – Маркова Нога

    ФАКТИ ЗА ПРОЕКТОТ:

    Цел: Проектот има за цел изградба на инфраструктура и објекти и нивно опремување  на новиот граничен премин Маркова Нога од страна на Северна Македонија, овозможувајќи поинтензивна соработка со пограничните општини и услови за локален економски раст и развој на туризмот.

    Времетраење: 18 месеци (почеток 2024) 

    Вредност: 2,1 милиони евра

    Резултат: Изграден и опремен граничен премин, со поставена инфраструктура за контрола, движење на сообраќајот, водоснабдување, канализација, електрична енергија, телекомуникации и осветлување, како и обезбедување на потребните оперативни и административни капацитети за непречено функционирање на граничниот премин.

    Развој на системи за регистрација и идентификација на економски оператор (EORI) и Eднообразно управување со корисници и дигитален потпис (UUM&DS)

    ФАКТИ ЗА ПРОЕКТОТ:

    Цел: Проектот има за цел да обезбеди усогласеност на Република Северна Македонија со барањата на ЕУ во врска со воспоставувањето систем за унифицирано управување со надворешни корисници (економски оператори, трговци) и нивниот пристап до царинските системи (UUM & DS - Unified - Управување со корисници и дигитални потписи) овозможувајќи унифицирана идентификација на економските оператори и други надворешни корисници, нивниот пристап до националните царински системи и пристап до царинските системи на ЕУ, вклучително и европските централизирани царински услуги, во согласност со безбедносните политики, законските одредби и оперативните одговорности со цел олеснување на трговijaта и деловното работење и приближување на земјата до пазарот на ЕУ и Царинската унија.

    Поточно, обемот на проектот е да ги развие и имплементира следните системи:

    • Систем за регистрација и идентификација на економските оператори (EOS/EORI2) како единствен систем за регистрација и идентификација на економските оператори во сите царинските домени.
    • Унифициран систем за управување со корисници и дигитални потписи (UUM&DS) како систем кој им овозможува на стопанските субјекти пристап до бројни придружни царински ИТ системи, во согласност со безбедносните политики, законските одредби и оперативните одговорности

    Времетраење: 24 месеци (почеток 2024) 

    Вредност: 2 милиони евра

    Резултат:  Воспоставување на Систем за управување со идентитет и пристап (IAM) кој интегрира униформно управување со корисниците и дигитален потпис, во согласност со MASP, и систем за регистрација на економски оператори (EORI2) во согласност со најновите барања на ЕУ. Системот ќе овозможи единствена идентификација и пристап за економските оператори, признати од царинските органи. Ова ќе послужи како заедничка референца за размена на информации помеѓу царинските органи и, онаму каде што е соодветно, помеѓу Царината и другите органи/институции – во согласност со новите барања дефинирани во Царинскиот законик на Унијата. 

    Scroll to top

    .