Плаќање на акциза за меѓупроизводи и жестоки алкохолни пијалаци

Акцизата на меѓупроизводи и жестоки алкохолни пијалаци се плаќа со нивното пуштање во промет од акцизен склад со поднесување на акцизна декларација за количините на меѓупроизводи и жестоки алкохолни пијалаци кои се пуштени во промет во текот на календарскиот месец.

Акцизниот обврзник поднесува акцизна декларација до надлежниот царински орган и ја плаќа акцизата најдоцна до 15-ти наредниот месец. По исклучок, во случај ако последниот ден за плаќање на акцизата е неработен ден, акцизниот обврзник е должен пресметаната акциза да ја плати најдоцна првиот нареден работен ден.

Акцизата на меѓупроизводите и жестоките алкохолни пијалаци при увоз се плаќа во роковите и на начин кој е предвиден за плаќање на увозните давачки, освен во случаите кога акцизните добра се движат во постапка на акцизно одложување.

Scroll to top

.