Акциза на пиво произведено кај мала независна пиварница
Акцизата на пиво произведено кај мала независна пиварница и пуштено во потрошувачка на акцизното подрачје се пресметува врз основа на количините пуштени во слободен промет во акцизниот период утврден во член 10 став (1) од Законот за акцизите и се плаќа според пропишаната акциза од член 58 став (1) од овој закон, со поднесување на акцизна декларација во износ од 4 денари 1% волуменски удел на чист алкохол содржан во еден литар готов производ. Но, за пивото произведено кај мала независна пиварница кое се пушта во промет на акцизното подрачје малата независна пиварница има право на враќање на платената акциза во зависност од вкупното годишно производство и тоа:
Годишно производство |
Износ за враќање |
До 50.000 литри |
50% од платената акциза |
До 75.000 литри |
40% од платената акциза |
До 100.000 литри |
30% од платената акциза |
До 150.000 литри |
20% од платената акциза |
За остварување на правото на враќање на платената акциза малата независна пиварница по истекот на календарската година, но не подоцна од 30 јуни наредната година, доставува барање за враќање на акцизата. Кон барањето се доставува и извештај за вкупното годишно производство на пиво произведено кај малата независна пиварница. Правото на враќање на платената акциза се применува и за увезено пиво произведено кај мала независна пиварница согласно условите од член 67 став (1) од овој закон, што се докажува со поднесување на документ за вкупно годишно производство на пиво произведено кај мала независна пиварница издаден од страна на надлежен орган на земјата извозник
Доколку во текот на календарската година се произведе поголема количина од пропишаната количина 150.000 литри малата независна пиварница и увозникот од немаат право на враќање на акцизата.