ИПА 2013

Проект „Реконструкција на објектите за царинење и инспекција на Граничниот премин за патен промет Ќафасан и надзор на изведбата на проектот“

Факти за проектот:

Општата цел на проектот e олеснување на прекуграничните постапки и спроведување на законите што ќе се постигне со реконструлкција на објектите за царинење и инспекција, што ќе придонесе за подобри услуги за економските оператори и побрз проток на стоката, како и зајакната заштита на државата и општеството.

Конкретна цел: Изграден е нов увозно-извозен царински терминал од 9,500 метри квадратни, пристапни патишта, објекти за царинење и други инспекциски органи како и реконструкција на постојните објекти.

Времетраење: 24 месеци (2017 - 2019 г.) 

Вредност: 1,5 милиони евра

Резултат: Подобрена е инфраструктурата на преминот за стокови пратки и зголемена е пропусната моќ на преминот, намалено е времето потребно за вршење на граничните формачности, овозможена е: примена на современи средства за инспекција, забрзување и олеснување на стоковата размена, зголемена енергетска ефикасност преку реконструкција на старата административна зграда и воведување на систем за осветлување на преминот што придонесе кон олеснување и забрзување на транспортот долж Пан-европскиот коридор 8. 

Проект „Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската управа“

Проектот „Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската управа“ е составен од 2 компоненти:

  1. Твининг проект „Зајакнување на оперативни и институционални капацитети на Царинската управа“ со твининг партнери: Агенција за Европска интеграција и економски развоји Федералното министерство за финансии на Австрија, Министерство за финансии на Литванија
  2. Набавка на лабораториска опрема за Царинската управа

Општата цел на проектот беше дополнително зајакнување на административниот капацитет на Царинската управа и нејзиниот капацитет за спроведување на законодавството на ЕУ и реформи за исполнување на барањата на ЕУ во областа Царина и доближување на земјата до пазарот на ЕУ и Царинската унија. Развојот на ефективни и ефикасни контроли (вклучувајќи и контроли по царинење) и ревизии на ЦУРСМ овозможи институцијата да ги спроведува своите задачи (царинење и контрола на стоки, наплата на приходи, заштита на границите и безбедност и сигурност на граѓаните) и придонесе за натамошно олеснување на трговијата преку одржување рамнотежа помеѓу олеснувањето на трговијата и ефикасната царинска контрола.

Конкретна цел: Зголемена е ефикасноста при откривање и спречување на царински измами преку поефикасни и таргетирани контроли, засилуени се  капацитетите за контроли по царинење, воведени се и се  применуваат современи лабораториски методи и средства - опрема за царинска лабораторија, набавени во рамките на овој проект. Проектот даде придонес кон олеснувањето на трговијата преку усовршување на анализата на ризик согласно стандардите на ЕУ.  .

Времетраење: 24 месеци (2017 г. -2019 г. )

Вредност: 1,6 милиони евра (твининг) +0,4 милиони евра (опрема за лабораторија)

Резултат: Извршена е анализа на Царинскиот закон на РСМ со Царинсот закон на ЕУ и подготвен е предлог текст;  подготвена е стратегија и процедури и упатстава за вршење на сеопфатни и плански контроли на трговски друштва, спроведени се бројни обуки на идните обучувачи и вработените за извршување на вакви контроли; Извршена е ревизија и усогласеност со ЕУ на постапките за ефикасно управување со ризици во царинското работење на сите нивоа, како и обука на обучувачите и вработените за управување со ризик; воведени се 8 нови аналитчки методи за испитување во лабораторија, и корстење на новата лабораториска опрема,  и подготвка за воведување на систем за управување со квалитетот според ИСО 17025 стандарот; развиена е Долгорочна стратегија за обуки, како и соодветна структура за спроведување на квалитетни обуки на вработените во Царинската управа преку стекнување на современи вештини на обучувачите.

Scroll to top

.