Проект „Надградба на објектите за царинење на Граничниот премин за патен промет Табановце и надзор на работите“

Факти за проектот:

Цел: Проширување и пренамена на постојниот терминал за увоз и извоз на стока за дополнителни 4.000 метри квадратни, изградба на две коловозни ленти на граничниот премин за излез од Република Македонија, изградба на придружни објекти.

Времетраење: 24 месеци (2016  - 2018 година)

Вредност: 1,85 милиони евра

Резултат: Подобрена е инфраструктурата на преминот за стокови пратки и зголемена е пропусната моќ на преминот, намалено е времето потребно за вршење на граничните формалности, овозможена е примена на современи средства за инспекција, забрзување и олеснување на стоковата размена, олеснување и забрзување на транспортот долж Пан - европскиот коридор 10.

Scroll to top

.