Царински долг

Царински долг при увоз настанува со:

  • пуштање во слободен промет на стока која подлежи на увозни давачки или ставање на таква стока во постапка на привремен увоз со делумно ослободување од плаќање на увозни давачки,
  • прифаќање на извозна царинска декларација кон која се се бара издавање на доказ за преференцијално потекло од Република Северна Македонија за стока која е добиена во постапка на увоз за облагородување, во која е вградена странска стока,
  • бесправно отстранување од царински надзор на стока која подлежи на увозни давачки,
  • неисполнување на една од обврските кои произлегуваат, во поглед на стока која подлежи на увозни давачки, од нејзиното привремено чување или од употребата на царинската постапка во која таа е ставена
  • пречекорување на рокот дозволен за одредување на едно од царински дозволените постапувања или употреби за стоката кои се пропишани за привременото чување или за предметната царинска постапка.

Царински долг при извоз настанува со:

  • извоз од царинското подрачје на стока која подлежи на извозни давачки,
  • изнесување од царинското подрачје на стока која подлежи на плаќање на извозни давачки без царинска декларација,
  • непридржување кон условите со кои било одобрено изнесувањето од царинското подрачје со целосно или делумно ослободување од извозни давачки.

Како елементи за утврдување на увозните/извозните давачки се сметаат:

  • царинската стапка и износот на давачки по едница мерка според Царинската тарифа;
  • тарифното распоредување на стоката;
  • потеклото на стоката;
  • царинската вредност на стоката;
  • количината, видот и состојбата на стоката.
Scroll to top

.