Производи исклучени од кумулација со ЕУ

Трговија меѓу Европска унија и учесниците во Процесот за стабилизација и асоцијација на Европската унија
Член 1

Производите наведени подолу, се исклучени од кумулацијата предвидена во член 3 од Додаток I, ако:

а) земјата на крајна дестинација е Европска унија, и:

  1. материјалите што се користат во производството на овие производи се со потекло од која било од земјите учесници во Процесот на стабилизација и асоцијација; или
  2. овие производи имаат стекнато потекло, врз основа на доволна обработка или преработка извршена во која било од земјите учесници во Процесот на стабилизација и асоцијација; или

б) земјата на крајна дестинација е која било од земјите учесници во Процесот на стабилизација и асоцијација, и:

  1. материјалите што се користат во производството на овие производи се со потекло од Европска унија: или
  2. овие производи имаат стекнато потекло, врз основа на доволна обработка или преработка извршена во Европска унија.
КН-Код Опис
1704 90 99 Други производи од шеќер што не содржат какао
1806 10 30
1806 10 90
Чоколада и други прехранбени произ­води што содржат какао
- Какао во прав, со додаток на шеќер или други материи за засладување:
- - што содржат 65% или повеќе, но помалку од 80% на маса на сахароза (вклучувајќи и изменет шеќер што се нарекува сахароза) или изоглукоза што се нарекува сахароза
- - што содржат 80% или повеќе на маса на сахароза (вклучувајќи и изменет шеќер што се нарекува сахароза) или изоглукоза што се нарекува сахароза
1806 20 95 - Други производи што содржат какао во табли, блокови или прачки со маса поголема од 2 кг или во течна состојба, паста, прав, гранули или во други форми во рас­турлива состојба, во садови или непос­редни пакувања, со содржина што надми­нува 2 кг
-- Други
--- Други
1901 90 99 Екстракт на слад; прехранбени произ­води од брашно, пченкарно брашно, гриз, скроб или екстракт на слад, без додаток на какао или со содржина помала од 40% на маса на какао пресметано на потполно одмастена основа, на друго место неспоменати ниту опфатени; прехранбени производи од стоки од тар. број 0401 до 0404, без додаток на какао или со содржина помала од 5% на маса на какао пресметано на потполно одмастена основа, на друго место неспомнати ниту опфатени
- Други
-- Други
2101 12 98 Други производи на база на кафе
2101 20 98 Други производи на база на чај или мате
2106 90 59 Прехрамбени производи на друго место неспомнати ниту опфатени
- Други
-- Други (освен екстракт од слад)
--- Други
2106 90 98 Прехрамбени производи на друго место неспомнати ниту опфатени:
- Други(освен концентрати на протеини и текстуирани протеински материи)
-- Други
--- Други
3302 10 29 Мешавини од миризливи материи и мешавини (вклучувајќи и алкохолни раствори) врз база на една или повеќе од тие материи, што се употребуваат како суровини во индустријата; други производи врз база на миризливи материи, од вид што се употребуваат при производство на пијалаци:
-За употреба во индустријата за храна и пијалаци
---Производи кои ги содржат сите миризливи средства кои го карактеризираат пијалакот:
----Со акохолна јачина што надминува 0,5% по зафатнина
----Други:
-----Без содржина на млечни масти, сахароза, изогликоза, гликоза или скроб, или што содржат по маса, помалку од 1,5% млечна маснотија, 5% сахароза или изогликоза, 5% гликоза или скроб
-----Други
Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.