Набавка за подобрување на капацитетите за контрола на царината

Факти за проектот: 

Општата цел: подобрување на капацитетите за контрола на царината преку користење на современи средства и опрема.  

Конкретна цел: Зголемување на ефикасноста при откривање и спречување на царински измами и недозволена трговија преку набавка на   опрема за скенирање на превозни средства и стоки и возила за службените кучиња на Царинската управа.

Времетраење: 18 месеци (2020 – 2021 година)

Вредност: 1,45 милиони евра 

Резултат: Набавени се 6 возила за пренос на царински кучиња и еден мобилен скенер за големи возила и контерјнери. 

Подобрување на наплатата а приходите и царинските прописи

(Twinning – ИПА 2), во кој покрај Царинската управа се вклучени и Министерството за финансии и Управата за јавни приходи за усогласување на законодавство и подобрување на капацитетите на службата.

Факти за проектот:

Цел: Подобрување на стабилноста, ефикасноста и квалитетот на вкупниот систем на приходи во земјата и обезбедување одржливо и добро управување со јавните финансии. Проектот опфаќа усогласување на даночното и царинското законодавство во согласност со релевантното законодавство на ЕУ и најдобрите практики, како и подобрување на оперативните и административните капацитети на клучните институции во системот. Дополнително, проектот има за цел да ги поедностави даночните и царинските процедури, вклучително и пријавувањето и плаќањето преку намалување на административните процедури и трошоци и подобрување на квалитетот на даночните и царинските услуги што им се даваат на граѓаните. 

Времетраење: 2020-2023 година 

Вредност: 3,5 милиони евра

Резултат:Поквалитетно управување со јавните финасии, подобрени оперативни и административни капацитети на институциите учесници, поедноставени царински и даночни постапки, како и подобрен квалитетот на даночните и царинските услуги.

Обезбедување на континуитет на деловните процеси во Царинската управа и зачувување на податоците преку консолидација на ИКТ системите и воспоставување на заеднички Податочен центар во случај на криза и природни непогоди (

Обезбедување на континуитет на деловните процеси во Царинската управа и зачувување на податоците преку консолидација на ИКТ системите и воспоставуање на заеднички Податочен центар во случај на криза и природни непогоди („Disaster Recovery Centre“), како дел од Програмата за управување со јавните финансии

Факти за проектот:

Цел: Проектот има за цел зајакнување на оперативните капацитети за наплата на деловните процеси преку модернизирање на царинските информациски и комуникациски систем (хардвер, софтвер и техничка поддршка за обезбедување квалитет и имплементација). Со проектот е обезбедена опрема неопходна за формирање на Податочен центар во случај на криза и природни непогоди, со цел да се обезбеди целосна резервна копија на податоците и деловните процеси на Царинската управа.

Времетраење: 2021 - 2022 Вредност: 1.6 милиони евра

Резултат: Воспоставен заеднички податочен центар во случај на криза и природни непогоди

We Cross Borders

„We Cross Borders“, проект за прекугранична соработка со Република Грција (Програма ИПА за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Грција 2014-2020) 

Факти за проектот

Цел: Модернизација и осовременување на граничните премини Богородица и Дојран, која ќе придонесе кон поголема функционалност, забрзан проток на сообраќајот и зголемен квалитет на услугите за вработените и патниците, како корисници на граничните премини.

Времетраење: 2020-2023

Вредност: 50.000 евра

Резултат:  поставена колска вага за мерење на товарни возила на влез во државата на граничните премини Богородица,

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.