Интероперабилност на ИТ системите на Царинската управа со царинските ИТ системи на ЕУ

Проектот „Интероперабилност на ИТ системите на Царинската управа со царинските ИТ системи на ЕУ” се состоеше од 2 компоненти

  1. „Имплементација на Нов компјутеризиран транзитен систем - NCTS” и
  2. „Поддршка во управувањето на проектот за воведување NCTS”

и беше наменет за поддршка во процесот на исполнување на претпристапните барањата за членство во ЕУ, а во врска со пристапување кон Конвенцијата за заеднички транзит, вклучително и поддршка за имплементација на национален царински транзитен систем (NCTS) и Заедничката комуникациска мрежа и заеднички системски интерфејс (CCN / CSI). Целта на проектот беше зајакнување на оперативниот капацитет на Царинската управа на Република Македонија согласно стандардите на ЕУ во клучните царински области на царинската контрола на царината на Европската заедница за обезбедување целосна компатибилност и интероперабилност на ИКТ системот на ЦУРМ со NCTS и целосна поврзаност со системите на Европската унија / DG TAXUD, овозможувајќи размена на податоци преку заедничка комуникациска мрежа и заедничкиот системски интерфејс (CCN / CSI) инфраструктура.

Факти за проектот:

Цел: изработка на софтвер за NCTS и контрола на квалитет

Времетраење: 24 месеци (2011  - 2013) 

Вредност: 3,5 милиони евра (1,5 милиони - компонента 1 и 1,5 милион евра -компонента 2 и 0,5 милиони евра национално кофинансирање)

Резултат: Изработен е нов компјутеризиран транзитен систем (НКТС) компатибилен со транзитните системи на ЕУ. НКТС во Република Македонија е ставен во оперативна функција на национално ниво од 1 март 2014 година, а на 1 јули 2015 година Република Македонија стана дел од транзитниот систем на Европската Унија. Со пристапувањето на Македонија кон Конвенциите за заедничка транзитна постапка и за поедноставување на формалностите при трговија со стока се обезбеди единствено движење на стоката во рамки на земјите членки, од една влезна точка до местото на завршување на транзитната постапка, без разлика на тоа низ колку држави и гранични премини стоката треба да транзитира.

Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.