Факти за проектот
Цел: Зајакнување на капацитетите на Царинската управа преку нејзина модернизација, со што би се зголемила продуктивноста во работењето и би се дал приоднес за градењето на иниституционалните капацитети, особено во делот на брзите пратки, откривањето на нелегалните финансиски текови, како и анализа на ризик во е-трговија. Преку проектот се овозмошува натамошна компјутеризацијата и олеснувањето на царинските постапки за подобрување на услугите кои земјата им ги нуди на економските оператори и истовремено зголемување на националната безбедност преку подобра контрола на меѓународното движење на стока и патници.
Времетраење: 2020 година
Вредност: 700.000 евра
Резултат: Изготвен е Извештај со предлог - воспоставување на Главен (Мастер) план по анализа на тековниот процес и ИТ-системот на царинската управа и прелог на модел за развој. Како препорака за последователна поддршка на Царинската управа од страна на Царинска служба на Јужна Кореја е помош при обезбедување на средства за спроведување на проект и во престојните процеси на набавка.