Секторот за управување на човечки ресурси врши работи кои се однесуваат на подобрување на функционалноста и ефективноста на вработените во Царинската управа и подобрување на организациските капацитети во целост. Обезбедува општа поддршка на сите организациски единици, спроведува функционални анализи и прави организациски промени базирани на стратешките определби на Царинската управа врз основа на што изготвува Правилник за внатрешна организација и работа на Царинска управа и Правилник за систематизација на работни места во Царинска управа .
Од причина што човечките ресурси се највредниот капитал кој една институција може да го има, Секторот за управување со човечки ресурси, планира, управува и ги надгледува активностите поврзани со регрутирање, селектирање, унапредување и распоредување на вработените со спроведување на еднаков третман кон секој со цел да ја оптимизира нивната продуктивност и максимално да ги искористи нивните капацитети и вештини . Секторот дава консултативни насоки и упатства за најповолни практики за управување со човечките ресурси во специфични ситуации, асистира и координира навремени реакции за потребите на вработените, на нивнo барање и по согледана потреба. Секторот за управување со човечки ресурси спроведува различни програми преку кои го координира спроведувањето на обуки и тренинзи и го насочува развојот на вработените кон остварување на подобри работни резултати на секој вработен во сите организациони единици, а со тоа и на Царинската управа во целост.
Истовремено, Секторот за управување на човечи ресурси преку донесените законски и подзаконски акти обезбедува еднаков третман при управувањето со работните перформанси, дисциплинските постапки, евиденција, бенефиции на вработените, управување со ризици, осигурување, класификација на надоместоци и сите останати активности кои се во доменот на секторот.
Своите надлежности Секторот ги реализира преку:
Регионален тренинг центар
Мисија
Обука на вработени за потребите на Царинската управа и бизнис заедницата, потребна за регионалната интеграција ЦЕФТА 2006, преку воспоставување на професионални програми за трајна обука со целосна имплементација на професионалните стандарди, препорачани од страна на Светската царинска организација.
Визија
Унапредување на тренинг центарот за постојана професионална обука на царински службеници и претставници на деловната заедница за истиот да прерасне во водечка институција за обуки на теми поврзани со трговски правила и олеснување на трговијата во рамки на мултилатералниот трговски систем, кој целосно ќе се базира на професионалните стандарди на Светската царинска организација за Република Северна Македонија и регионот на ЦЕФТА 2006.
Капацитети на РТЦ
РТЦ се наоѓа на Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Факултетот располага со 4 амфитеатри од кои најмалиот е со капацитет од 80 слушатели, додека најголемиот – за 200 слушатели. Има четири комплутерски лаборатории, од кои најмалата има 35 компјутери, а најголемата 75. Факултетот располага и со фонолабораторија и 7 предавални. Сите амфитеатри, компјутерски лаборатории и предавални се опремени со ЛЦД проектори и имаат интернет врска. Факултетот исто така има безжичен интернет во целиот објект. Располага и со две факултетски библиотеки, специјализирана библиотека на Светската банка и Центар за европски податоци и информации. Покрај тоа, факултетот располага и со читална со околу 200 седишта и интернет кафе за студенти.
КАНЦЕЛАРИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ НА СЦО ЗА РЕГИОН ЕВРОПА
Проф. д-р Ирена Кикеркова
Редовен професор по меѓународна економија и надворешна трговија
Раководител на РТЦ на СЦО во Република Северна Македонија
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје,
Економски Факултет-Скопје,
Бул. “Крсте Мисирков” бб, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
Тел: 2 3 286 860
Факс: 2 3 117 801
E-mail: irena@eccf.ukim.edu.mk
Жаклина Андреска
Началник на одделение за обуки
Царинска управа на Република Северна Македонија
ул. “Лазар Личеноски” бр. 13, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
Тел: 2 3 116 188
Факс:2 3 237 832
E-mail: zaklina.andreska@customs.gov.mk
Маријана Цветковска, (административен координатор)
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје,
Економски Факултет-Скопје,
Бул. “Крсте Мисирков” бб, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
Тел: 2 3 286 835
Факс: 2 3 117 801
E-mail: MarijanaSekulovska@eccf.ukim.edu.mk