ЕКСИМ
ЕКСИМ e електронски систем кој го користат 16 институции кои имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење и претставува едношалтерски систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки.
ЕКСИМ овозможува пребарување според тарифниот број на стоката и добивање информации за тоа кои дозволи се потребни за увоз, извоз или транзит преку користење на опцијата Пребарување.
ЕКСИМ овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции. Преку системот, подносителите можат да го следат статусот на процесирање на нивните барања, сè до нивното конечно издавање.
Повеќе информации околу постапката за поднесување на барањата и издавањето на дозволите опфатени во ЕКСИМ, економските оператори можат да добијат на веб страниците на институциите
Што се добива со имплементацијата на ЕКСИМ?
- Достапност на услугата 24 часа, 7 дена во неделата
- Заштеда на време и трошоци за компаниите поради електронското поднесување на барањата
- Зголемување на ефикасноста на процесот за издавање на дозволите
- Стандардизирани и хармонизирани податоци во барањата кои во иднина ќе овозможат посеопфатна размена на податоците
- Електронско следење на искористеноста на дозволите