Царинска тарифа

Царинската тарифа е клучен инструмент со кој се врши правилно распоредување на стоката, при увоз или извоз со одредување на тарифна ознака за таа стока, согласно Законот за Царинската тарифа чиј составен дел е истата, како и согласно прописите донесени врз основа на овој закон. 

Номенклатурата на Царинската тарифа е усогласена со Номенклатурата на Хармонизираниот систем на Светска царинска организација и Комбинираната номенклатура на Европската Заедница

Царинската тарифа секоја година се усогласува и менува согласно измените на Комбинираната номенклатура на Европската Унија. За ваквото усогласување, Владата на Република Северна Македонија донесува Одлука за усогласување и менување на Царинската тарифа еднаш годишно и истата се применува од 1 јануари следната година. Усогласувањата се однесуваат на:

- системот на имиња на стоката,

- системот на нумеричко означување,

- единечните мерки, како и

- забелешките кон соодветните Оддели и Глави.

Царинските давачки се определени со Законот за Царинска тарифа и се менуваат со измена на Законот за Царинска тарифа.

Регулативите за распоредување на одредени видови на стоки усвоени од страна на Европската Комисија објавени во „Службен весник на Европската Унија“ се транспонираат во националното законодавство преку донесување на Уредба од страна на Владата на Република Северна Македонија. Уредбите за распоредување на одредени видови на стоки во Комбинираната номенклатура (КН) согласно со Регулативите на Европската Комисија се објавуваат квартално во „Службен весник на Република Северна Македонија“ и задолжително се применуваат при распоредување на стоките. Подолу е дадена табела по тарифни ознаки, број на Регулатива на ЕУ, број на Уредба на усвојување и вид на стока на сите досега објавени:

Список на стока распоредена по КН во соглaсност со Регулативите на Европската Комисија

Препорака на СЦО за распоредување на медицински производи поврзани со КОВИД-19

Во сегашни услови на глобална пандемија на COVID-19 низ целиот свет, а со цел да им се помогне на земјите да го забрзаат прекуграничното движење на медицински средства чија побарувачка е зголемена, Светската царинска организација (СЦО) и Светската здравствена организација (СЗО) пристапија кон координативен пристап на соработка.

Како резултат на заедничкиот напор на двете организации подготвени се референтни табели со тарифно распоредување согласно Номенклатурата на Хармонизиран систем (ХС)  на медицински производи кои се неопходни во справувањето со пандемијата, а со цел на зачувување на јавното здравје.

Овие  табели се дадени за полесно идентификување и тарифно распоредување на  медицинските средства потребни за време на пандемијата со цел полесно прекугранично движење, примена на непредвидени тарифни и нетарифни мерки, следење, борба против фалсификувани материјали или превземање на мерки за решавање на нивниот недостаток. 

       ХС 2022 Препорака на СЦО за КОВИД 2019 медицински потрошен материјал

       ХС 2022 Препорака на СЦО за вакцини и медицински потрошен материјал и опрема                        

       КОВИД 2019  СЦО - СЗО соработка                       

       ИНН Листа 124 КОВИД 2019  (специјално издание) ХС 2022

Нaсоки за распоредување

Насока за распоредување на производи од тар. број 8415 и 8418 (уреди за климатизација и топлински пумпи)

Насока за распоредување на компјутери и софтвер согласно Царинската тарифа

Насока за распоредување на четирицикли - ATV моторни возила (за сите терени) согласно Царинската тарифа 

Насока за распоредување на комбинирани моторни возила за превоз на лица и стоки од тарифните броеви 8703 и 8704 на Царинската тарифа

Насока за распоредување на тутун и тутунски добра

Насока за распоредување на ферментирани и неферментирани мешани пијалаци

Насока за распоредување на тротинети и самоуправувачки транспортери согласно Царинската тарифа

Насока за распоредување на чај и кафе и препарати врз база на нив согласно Царинската тарифа

Упатство за примена на Царинска тарифа во царинска постапка

Scroll to top

.