Заеднички декларации со Андора и Сан Марино

ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА
во однос на Кнежевина Андора

  1. Производите со потекло од Кнежевство Андора кои се распоредуваат во Главите од 25 до 97 од Хармонизираниот систем се прифаќаат од страна на Договорните страни различни од Европска унија како да потекнуваат од Европска унија во рамките на значењето на Регионалната конвенција за паневромедитерански преференцијални правила за потекло (Конвенција).
  2. Конвенцијата се применува mutatis mutandis со цел да се дефинира статусот на потекло на гореспоменатите производи.

ЗАЕДНИЧКА ДЕКЛАРАЦИЈА
во однос на Република Сан Марино

  1. Производите со потекло од Република Сан Марино се прифаќаат од страна на Договорните страни различни од Европска унија како да потекнуваат од Европска унија во рамките на значењето на Регионалната конвенција за паневромедитерански преференцијални правила за потекло (Конвенција).
  2. Конвенцијата се применува mutatis mutandis со цел да се дефинира статусот на потекло на гореспоменатите производи.
Scroll to top

.

logo footer

Содржините на оваа страница можат да се објавуваат без посебна дозвола со наведување на изворот. Секој упад и злоупотреба на веб страницата на Царинската управа е казнив по член 251 од Кривичниот закон.