Иницијатива Отворен Балкан

Иницијативата Отворен Балкан произлегува од потребата за поголема регионална интеграција во регионот. На почетокот оваа иницијатива била именувана како Напредна регионална иницијатива за соработка или како „Мини Шенген“. Отворен Балкан во моментов е иницијатива во која членуваат Северна Македонија, Албанија и Србија, а има за цел да го промовира и да го развива капацитетот на регионот, како и да донесе конкретни придобивки за граѓаните и за деловната заедница. Оваа иницијатива е можност за зајакнување на регионалната економска соработка и унапредување на слободата на движење на луѓе и добра. Оснавна цел на Отворен Балкан е надминување на социјалните, економските и трговските бариери што го попречуваат економскиот раст во регионот преку имплементирање на четирите слободи на кои се темели европската интеграција, слобода на движење на стоки, работници, капитал и услуги.

Една од  придобивките од оваа иницијатива e воспоставување на регионален пазар помеѓу земјите членки на иницијативата. Во рамките на Отворен Балкан потпишани се договори со кои се воспоставуваат заеднички гранични премини и овозможено е пократко време на задржување на камионите на граница. Дополнително постигнат е напредок во подобрување на деловната клима во целиот регион со потпишување на договори за взаемното признавање на одобренијата за Овластен економски оператор (ДВП). Воспоставени се Зелени коридори со што е обезбедено производите и услугите побрзо да стигнат до пазарте во регионот.

Договори за воспоставување на заеднички контроли

Договори за за взаемното признавање на одобренијата за Овластен економски оператор.

Scroll to top

.