Алкохол и алкохолни пијалаци
Акцизна основица
Акцизната основица за пиво е 1% волуменски удел на чист алкохол содржан во еден литар готов производ
Акцизна основица за вино е количината на вино изразена во литар готов производ
Акцизна основица за ферментирани пијалаци е количината на ферментиран пијалок изразена во литар готов производ;
Акцизна основица за меѓупроизводи е количината на меѓупроизвод изразена во литар готов производ и
Акцизна основица за етил алкохол и питки жестоки алкохолни пијалаци е еден литар чист алкохол изразен во волуменски процент на температура од 20°C.