Координатори за транзит
Со одлука на директорот на Царинската управа формирана е национална мрежа на координатори за транзит. Покрај националниот координатор за транзит, назначени се и регионални координатори (по еден за секоја царинарница) и локални координатори (по еден за секоја поголема испостава).
Системот на координатори за транзит е воспоставен за:
- поддршка на економските оператори во спроведувањето на транзитната постапка со примена на Новиот компјутеризиран транзитен систем (НКТС);
- тековно решавање на евентуалните констатирани проблеми при спроведувањето на транзитната постапка со примена на НКТС апликацијата и
- еднообразна примена на транзитната постапка на царинското подрачје на Република Северна Македонија.