Издавање на потврда согласно член 43 од законот за финансиска поддршка на инвестиции
Се известуваат сите деловни субјекти дека за издавање на Потврда од Царинска управа согласно член 43 од Законот за финансиска поддршка на инвестиции (Службен весник на Република Северна Македонија број 83/2018 и 124/2019) и член 3 од Правилникот за формата и содржината на барањето за исплата на финансиска поддршка, потребната документација, видовите на оправдани инвестициски трошоци и начинот на спроведување на исплатата на финансиска поддршка (Службен весник на Република Северна Македонија број 2015/2019) потребно е да поднесат Барање за издавање на потврда во архивата на Царинска управа
Барање за издавање на потврда согласно член 43 - македонски јазик
Двојазично барање за издавање на потврда согласно член 43
или на следната адреса:
Царинска управа на Република Северна Македонија
Сектор за финансиски прашања
Одделение за наплата на приходи
ул. Лазар Личеноски бр.13
1000 Скопје.
Коктакт за дополнителни информации:
e-mail:oddeleniezanaplata@customs.gov.mk или
тел: 02/32 93 945, 02/32 93 946, 02/32 93 979
Кон барањето се приложува уплатница како доказ за платена административна такса од 50,00 денари.
Административната такса може да се плати и со испраќање на СМС порака на бројот 144 166 со следната содржина: ТМ_Naziv na delovniot subjekt _50.
Барањето треба да биде потполнето точно, читливо и целосно.